mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ОНЕ со нова понуда за пензионери

Go down

ОНЕ со нова понуда за пензионери Empty ОНЕ со нова понуда за пензионери

Пишување by форумџија Вто 9 Апр 2013 - 12:41

Tелекомуникацискиот оператор ОНЕ воведува нова понуда за пензионери, телевизија и фиксна линија со најниска месечна претплата на пазарот.

[You must be registered and logged in to see this image.]

За опуштени пензионерски денови, ОНЕ нуди пакет со ТВ и фиксна линија од само 348 денари месечно, односно 149 денари во првите три месеци од двегодишниот договор, бидејќи секој нов, но и постоечки корисник, пензионер во ОНЕ ќе добие Mini BoomTV – 3 месеци ГРАТИС.
Со фиксната линија на ОНЕ пензионерите во Македонија добиваат можност да користат фиксна телефонија по најниска месечна претплата од само 149 денари, иста цена за локални и национални повици кон фиксни мрежи од 1,9 денари/ минута, бесплатен фиксен уред на користење, лесен за инсталација и без надоместок за приклучок.
Новиот Mini BoomTV на ОНЕ е наједноставно решение за пензионерите да ги следат најгледаните ТВ канали со кристално јасна слика и звук, а за најниска месечна претплата на пазарот од само 199 денари, која ќе почнат да ја плаќаат откако ќе искористат 3 месеци гратис.
Шеснаесетте македонски и регионални телевизии: Сител, Канал 5, Телма, Алфа, Наша ТВ, Сител 3, Алсат М, Канал 5+, МТВ 1, МТВ 2, МТВ 3, DM Sat, Jugoton, RTS, OBN и RTV 21, спакувани во новиот Mini BoomTV се брз и едноставен начин пензионерите да се подготват за претстојната дигитализација, бидејќи од 01.06.2013 домашните ТВ канали нема да можат да се следат со аналогна антена.
Пакетот фиксна линија и ТВ е достапен за сите пензионери со пензиски чек и документ за идентификација што ја прави процедурата за добивање на истиот исклучително лесна и брза.
Промоцијата, 3 месеци Mini BoomTV ГРАТИС важи и за оние пензионерите кои се постоечки корисници на некоја од услугите на ОНЕ.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот