mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

МОНТИРАЊЕ НА DISEQ МОТОР

3 posters

Go down

МОНТИРАЊЕ НА DISEQ МОТОР Empty МОНТИРАЊЕ НА DISEQ МОТОР

Пишување by форумџија Чет 19 Јан 2012 - 13:52

Moнтирaњe нa diseq мoтoр

Eдно од честите прашања на сателитските ентузијасти е како да монтираат мотор Diseqc1.2. Постојат доста комплицирани и опширни објаснувања кои ги збунуваат корисниците. Овде кратко и јасно ќе биде објаснет процесот на инсталирање.
[You must be registered and logged in to see this image.]

За да го монтирате моторот потребно е да ја имате следнава опрема:

- сателитски приемник кој го подржува овој Diseqc стандард
- мотор
- вертикален столб на кој ќе го монтирате моторот
- коаксијален кабел
- F-конектори
- скарт кабел
- и по можност телевизор на кој ќе го пратите квалитетот на сликата.

[You must be registered and logged in to see this image.]
Пред поставувањето потребно е да го прицврстите носачот(вертикалниот столб) на ѕид, ограда или некој друг предмет. Важно е тој носач да биде под агол од 90 степени. Потоа следи поставувањето антена на моторот. Проверете дали моторот се наоѓа во нулта позиција. Најдобро ќе биде ако антената ја поставите да лежи хоринзонтално и да обезбедите пристап за монтирањето на моторот. Пред самата монтажа потребно е да ја подесите елевацијата (падот на моторот). На двете страни на држачот се наоѓаат LATITUDE и ELEVATION. Резот на страната LATITUDE треба да се поклопува (во степени) со географската ширина во вашата област. Кога го направивте тоа, стегне те ги сите четири штрафови на моторот. После следи центрирањето на тањирот и моторот. Моторот мора да се наоѓа точно на средината од тањирот. За да бидете сигурни дека е во средината користете метро. Оддалеченоста од десниот крај на тањирот и до десната ивица на моторот да бидат еднакви, исто и со левиот крај на тањирот. После точното центрирање, стегнете ги штрафовите од антената и поставете го моторот заедно со антената на носачот. Поврзете ги LNB-ата со ресиверот(најдобро со некој стар аналоген кабел), и насочете го моторот во правец на сателитот кој ви одговара со вашата геогрфска ширина. За подрачјето на поранешна Југославија тоа изнесува од 14 до 22 степени.
Кога ќе добиете сигнал од тој сателит стегнете ја антената и ви останува само да ја подесите елевацијата на антената. Изберете некој послаб
транспордер од тој сателит и пробајте да ја наместите антената во положба во која сликата ќе биде најчиста. Со ова вие го завршивте
најтешкиот дел од инсталирањето на моторот, ви останува само да го подесите ресиверот. Преспојте го кабелот од LNB на мотор, а излезот од
моторот на ресиверот. Доколку во близина на антената има некоја пречка тогаш е потребно да ја подесите вредноста на источниот или западниот лимит, т.е крајната положба на антената. Тоа е потребно за да избегнете оштетување на моторот, иако повеќе современи мотори имаат вграден механички лимитер. На пример изберете опција од западниот лимит. Со помош на левото копче од далинското се врши померување на антената до крајната западна точка. Кога ќе дојдете до таа положба, меморирајте ја таа положба како западен лимит. Истото направете го и со источниот лимит. Потоа потребно е да ги подесите позициите на останатите сателити.
Во менито изберете други сателити и селектирајте некоја фреквенција од тој сателит. Померите ја антената притискајќи на десното копче, све
додека не добиете најјак сигнал. Меморирај те ја таа позиција, и истото направете го за кои било друг сателит. Основно е да знаете дали тој
сателит се наоѓа лево или десно од вашиот референтен сателит. Доколку со секој сателит можете да добиете сигнал тогаш антената е добро
поставена. Во спротивно ќе морате да ја корегирате елевацијата на антената - не на моторот.
[You must be registered and logged in to see this image.]

Eutelsat W6 (21.5°E)

Овој е почетен сателит за Куманово. Стави го моторот на 0 и барај некој канал од овој сателит. Елевацијата на моторот стави ја на 42
Latitude 42.1322 Longitude 21.7144

Скопје е на 21 источно тоа значи дека му одговара Eutelsat W6 (21 E),

Македонија-Скопје 21.433E 42.000N
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

МОНТИРАЊЕ НА DISEQ МОТОР Empty Re: МОНТИРАЊЕ НА DISEQ МОТОР

Пишување by pancepaki Саб 25 Фед 2012 - 18:01

Интересно но невистинито за скопје нулти сателит е W2(16E)
Еве едно детално упатство ама е на хрватски,секој може да се снајде сликовито е објаснето.Неможе да направиш ни едит на пост,ова првпат гледам.еве ке го ставам на вуплоад.
еве еден линк за калкулација на азимут и елевација
Код:
http://www.satlex.net/hr/azel_calc-params.html?satlo=&user_satlo=&user_satlo_dir=E&location=&la=&lo=&country_code=mk
[You must be registered and logged in to see this link.]
Код:
http://www.wupload.com/file/2667277262
pancepaki
pancepaki
нов член
нов член

мислења мислења : 3
поени поени : 8
години години : 53
регистриран на 2012-02-25
заблагодарен заблагодарен : 3

Вратете се на почетокот Go down

МОНТИРАЊЕ НА DISEQ МОТОР Empty Re: МОНТИРАЊЕ НА DISEQ МОТОР

Пишување by форумџија Нед 26 Фед 2012 - 14:27

ке бидат средени и тие работи панчепаки, воедно и добредојдени се секакви критики за кои сте сигурни [You must be registered and logged in to see this image.] позз
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

МОНТИРАЊЕ НА DISEQ МОТОР Empty Re: МОНТИРАЊЕ НА DISEQ МОТОР

Пишување by maksat Пет 25 Сеп 2015 - 17:41

почетен сателит за с.Новак-Ц.Жупа/ве молам
maksat
maksat
нов член
нов член

мислења мислења : 1
поени поени : 1
регистриран на 2015-01-25
заблагодарен заблагодарен : 0

Вратете се на почетокот Go down

МОНТИРАЊЕ НА DISEQ МОТОР Empty Re: МОНТИРАЊЕ НА DISEQ МОТОР

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот