mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонија најголем корисник на Google Analytics

Go down

Македонија најголем корисник на Google Analytics Empty Македонија најголем корисник на Google Analytics

Пишување by dejanpetrusevski Нед 22 Jул 2012 - 16:51

Koј и колку користи Google Analytics на светско ниво, е темата на истражувањето во прилог. Еден многу фин инфографик на TargetOnlineMarketing.com во кој верувале или не Македонија е процентуално на прво место од сите земји во светот.

Шокантно, фрапантно, ексклузивно, како сакате наречете го истражувањето :). Ама има логика и држи вода заради неколку причини:

1 Google Analytics е бесплатна алатка (ние многу сакаме да користиме нешто за без пари);
2 Скоро ниту еден сериозен бренд (сајт) нема алоцирано буџет за понапредни алатки, и многу ретко планираат средства за следење и анализа на своите статистики и перформанси;
3 Сериозните фирми за истражување и анализа на статистики, како Nielsen и Gemius од скоро започнаа да ги прават првите чекори со онлајн мерење;
4 Ретко која маркетинг агенција нуди детални извештаи за ефектот од активностите на своите клиенти.

Македонија најголем корисник на Google Analytics WhoisusingGoogleAnalyticsWorldwidein2012_4fdb3b1a98b02

Има уште многу простор и правци во кои треба да се развива оваа тема на нашиот пазар. Прашањето е дали нашите компании се подготвени за унапредување на нивните навики при следење на ефектот од своите активности и дали во иднина ќе одвојат буџет за користење на понапредни алатки. А уште позначајно прашање е дали нашите компании ја разбираат и препознаваат потребата од платени алатки за аналитика? Доколку и вие се двоумите во потребата, прочитајте зошто би сакале да почнете да плаќате за аналитика, пост на кој случајно налетав и кој дава детална анализа на бесплатните алатки на Google.

dejanpetrusevski
dejanpetrusevski
вип член
вип член

мислења мислења : 753
поени поени : 1139
регистриран на 2012-01-20
хумор сателидџија
заблагодарен заблагодарен : 30

http://serviskratovo.weebly.com/

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот