Дигитализацијата потешко се спроведува во селските средини

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Дигитализацијата потешко се спроведува во селските средини

Пишување by форумџија on Вто 9 Апр 2013 - 12:58



Дигитализацијата на телевизиските канали во Република Македонија се спроведува се поинтензивно.

Охрид и Струга не заостануваат воопшто со дигитализацијата која ќе биде задолжителна од 1-ви јуни годинава. Но што се однесува до селските средини, мал е процентот на граѓани кои следат телевизиски канали дигитално.

Инаку, 130 илјади евра за дигитализација за националните и 20 илјади евра за локалните телевизии, плус трошоци за трансфер на сигналот и дополнителна опрема е трошок кој ги очекува македонските телевизии во иднина и со кој тие нема да можат да функционираат нормално.

Операторот ОНЕ ги побарува овие суми за емитување на дигитален сигнал од македонските телевизии веќе од 1 јуни оваа година. Според Здружението на приватните медиуми на Република Македонија ЗПММ ова ќе биде огромен трошок и можен крај за работата на голем број од ТВ станиците кои нема имаат доволно пари за нормално да работат и да опстанат на пазарот.

- Ова особено се однесува на локалните телевизии кои сосема оправдано стравуваат дека ќе престанат да работат со згаснувањето на аналогниот сигнал. Сумата од околу 20 илјади евра по телевизија, на што се додаваат и месечните трошоци од неколку стотини евра за трансфер на сигналот и побараната опрема за дигитализација на сигналот која чини над 10 илјади евра ќе бидат несовладлива пречка за огромен дел од ТВ станиците. Во овој момент и со овие цени дигитализацијата е преголем залак за телевизиите и економски е неоправдана и сосема неприфатлива, вели претседателот на ЗПММ и главен и одговорен уредник на Супер радио Сашо Митаноски.

Од Здружението додаваат дека ова, покрај веќе актуелизираните проблеми со авторските права, е само уште еден удар врз македонските медиуми кои и така се наоѓаат во незавидна финансиска кондиција и исклучително тешка материјална состојба.

Како што оценуваат познавачите на приликите, најпроблематични реони за целосното спроведување на дигитализацијата ќе бидат токму селата кои гравитираат кон градовите, а уште потешко ќе биде кај оние села кои се сместени во планинските региони.

Сите корисници кои моментално не се поврзани со некои од операторите во Македонија, со воведувањето на дигитализацијата ќе мора да поседуваат или соодветен ТВ приемник со вграден дигитален приемник, или посебен рисивер, наречен сет-топ бокс. Овој уред ќе може да ги прима дигиталните канали.

Како што се проценува, на почетокот од спроведувањето на дигитализацијата, цената на рисиверите ќе биде повисока.

- Овие приемници се уште не се купуваат толку масовно. Токму заради тоа, моментално нивната цена можеби е повисока, околу 40 до 50 евра. Се надеваме дека постепено со текот на времето, како што ќе се продаваат, така нивната цена ќе се намалува, објаснува Симон Патчев, претставник од „Тотал ТВ“ за регионот Охрид и Струга.

Граѓаните кои гледаат телевизија преку одредени кабелски оператори, нема да бидат засегнати со исклучувањето на аналогниот телевизиски сигнал и домашните телевизиски канали, ќе можат да ги гледаат како и досега. Што се однесува до оние категории на домаќинства кои не се поврзани со операторите и не се прилагодени на новите услови, ќе го кочат во голема мерка спроведувањето на дигитализацијата.

- Во градските населби, преку оператор, каналите ги примаат околу 95 проценти од граѓаните или домаќинствата. А што се однесува во селата каде нема покриеност од кабелските оператори, Телеком каде што нема своја мрежа или Боом ТВ каде што не покрива, таму е поголем процентот на луѓето кои што ќе имаат на некој начин проблем со сето ова. Подготовката би била едноставна, иако за некои граѓани изгледа малку комплицирано. Или да се набави опремата или да се приклучат кон некој оператор кој веќе со години наназад работи со тоа. На пример, „Тотал ТВ“ ги покрива сите села, има тотална покриеност. Во регионот Охрид и Струга имаме отприлика околу 2.500 корисници во моментов, додава Патчев.

Операторот ОНЕ го доби тендерот за дигитален радиодифузер и има обврска до први јуни годинава да обезбеди дигитален пренос на сите национални и регионални телевизии.

На 1 јуни 2013 година ќе бидат исклучени сите аналогни и ќе има само дигитални предаватели за емитување на телевизиски сигнал, што подразбира дека со постарите модели на телевизори, со помош на обична антена веќе нема да може да се гледаат програмите на домашните телевизиски станици, дополнуваат од Советот за радиодифузија.


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот