Лозано и Есма вечерва ја промовираат Империја

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Лозано и Есма вечерва ја промовираат Империја

Пишување by форумџија on Сре 27 Фед 2013 - 17:47



Денес во 20.45 часот, во студиото 1 на Македонската радио телевизија, гледачите за прв пат ќе имаат можност да ја слушнат „Империја“, евровизиската песна на нашите годинешни претставници, Есма Реџепова и Влатко Лозановски. Исто така во текот на шоуто во среда, ќе има и премиерно прикажување на официјалниот спот за македонската песна која ќе не претстави на „Евровизија 2013“.

Богата музичка програма на која домаќин ќе биде Димитар Атанасовски, голем избор на гости и разговори поврзани со темата „Евровизија“ е само мал дел од најавата за она што ќе се случува оваа среда, во 20.45 часот, во студиото 1 на Македонската телевизија нашите евровизиски претставници Есма Реџепова и Влатко Лозановски ќе сe претстават со неколку свои песни, придружувани од народниот оркестар и Биг Бендот на МРТ, како и со видео записот на евровизиската „Империја“.

Студиото ќе го збогати со своето присуство и минатогодишната евровизиска претставничка Калиопи Букле, која ќе им го пренесе своето искуство поврзано со „Евровизија“.

Евровизискиот хит Империја е делo на авторите Симеон Атанасов и Дејан Момироски задолжени за музиката и аранжманот, а текстот е потпишан од Борче Нечовски.


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот