mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Радио се вклучува за забава

Go down

Радио се вклучува за забава Empty Радио се вклучува за забава

Пишување by форумџија Вто 12 Фед 2013 - 10:05

Радио се вклучува за забава D9e99f10

Само 25 отсто од граѓаните се информираат за дневните настани од радио, а во оваа група најбројни се пензионерите и земјоделците

Додека телевизијата доживува рекордна гледаност и е неприкосновена како медиум од кој се информираат граѓаните, радиото ја губи својата информативна функција и се третира како медиум што се слуша за забава. Така барем го доживуваат повеќе од половина граѓани на Македонија.

Истражувањето на Институтот за демократија Societes civilis, спроведено во 2012 година, покажа дека само 25 отсто од граѓаните се информираат од радио за дневните настани, а во оваа група најбројни се пензионерите и земјоделците. За информирање, секојдневно или неколку пати во неделата, радио слуша 30 отсто од населението, а 27 отсто вели дека некогаш не го прави тоа.

Понудата на домашните радија, сведена на многу музика и малку говор, соодветствува со резултатите од анкетата. Според оценката на Советот за радиодифузија, дури и Втората програма на Македонското радио (МР2) со својот концепт и малиот процент на говор повеќе личи на комерцијален медиум. Првата програма - Радио Скопје со програми наменети за секаква публика ги исполнува сите три медиумски функции. Според Советот за радиодифузија, Радио Скопје не фаворизира жанрови од комерцијални побуди и емитува содржини кои не можат да се чујат на ниедно од комерцијалните радија.

- Ситуацијата е таква бидејќи е полесно да се емитува забава и да настапува козер пред микрофонот, отколку да се прави радиопрограма со сериозен пристап и различни и сеопфатни содржини. Но, и за квалитетна забавна програма на радио треба да се вложи напор, далеку поголем од кажувањето вицови и пуштањето музика - вели Мира Kостиќ, долгогодишен новинар на Македонското радио - Радио Скопје.

Повеќето комерцијални радија немаат свои вести или препознатливи авторски емисии. Публиката реагира дека радијата си личат како јајца и оти главно разликата се сведува на тоа каква музика пуштаат, а тоа најчесто е поп или фолк.

Во радијата не го делат ваквиот став.

- Во своето постоење како „Лајф радио“ програмски понудивме буквално с`. Имавме емисии, свои вести, репортажи од цела Македонија, известуваме од сите концерти на музика што сме се определиле да ја емитуваме. Но, се покажа дека пазарот го бара спротивното. Се бара забава преку информации од полесен тип и добар музички избор. Тоа никако не е само лесен говор или само пуштање музика. Ова се покажа како вистинска формула за Скопје, каде што се емитуваме - вели Дејан Димитровски, музички уредник во „Лајф радио“.

Програмата ја крепат хонорарци

Според податоците на Советот за радиодифузија, во радиоиндустријата во 2011 година работеле 577 луѓе, од кои 468 како редовно вработени, а 109 како хонорарци. Повеќе од половина од редовно вработените - 298 работат во Македонското радио.

Трите комерцијални радија кои зрачат на државно ниво пријавиле вкупно 37 вработени, од кои само 40 отсто или 19 биле редовно вработени. Најброен персонал има „Антена 5“ - 23, а по седуммина имаат „Kанал 77“ и „Метрополис“, кое единстевно немало редовно вработени.

Регионалните радија кои зрачат во Скопје ангажирле заедно 80 луѓе, од кои 62 биле редовно вработени, а од 162 ангажирани во локалните радија дури 73 биле хонорарци.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот