СРД презентираше извештај од мониторингот
Страна 1 of 1
СРД презентираше извештај од мониторингот
На денешната седница Советот за радиодифузија изврши презентација на извештаите од мониторингот за форматот на телевизиите Телма, Канал 5, Сител и Алсат-М, пишува Плусинфо.
Отстапување од форматот е утврдено кај Алсат-М и кај Телма, па затоа за двете телевизии СРД наложи нов мониторинг од седум дена за да се провери дали ги усогласиле минималните отстапки. Дискутирано беше и по однос на претставка за Канал 5 Плус, од страна на граѓанин, за филм емитуван на нивната програма.
Службата во СРД утврди дека станува збор за нецензурирана верзија од филмот „Jack Ass“, емитувана на 16. и на 17. октомври каде реалистично биле претставувани садомазохистички крупни кадри, глетки со повраќање. Севкупниот филм, рекоа од СРД, не е за јавно телевизиско прикажување. Советот реши на Канал 5 Плус да им испрати укажување во иднина да не емитуваат вакви филмови, стои во текстот на Плусинфо.
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|