БОМ ТВ: Телевизијата ги поседува сите дозволи

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

БОМ ТВ: Телевизијата ги поседува сите дозволи

Пишување by форумџија on Чет 13 Сеп 2012 - 11:30



БОМ ТВ, Satellite Community television Inc од Австралија, упати известување до Советот за радиодифузија.

Во известувањето се докажуваат легалноста и легитимноста на постоење на телевизијата.

Известувањето следи по информацијата дека врз основа на претставка од граѓанин, Советот за радиодифузија денеска ќе расправа за евентуална забрана за телевизиите сопственост на австралиската компанија, БОМ ТВ и К15 мјузик.

`Врз основа на сознанијата стекнати од нашите бизнис партнери во Македонија кои сеоднесуваат на потребата од истражување на легалноста на нашите телевизиски канали би сакале да Ве информираме дека Satellite Community television Inc е регистрирана во 2005. година во согласност со позитивните правни норми на Австралија. Како потврда за легалноста и легитимноста на нашата компанија Ве информираме дека ги поседуваме сите дозволи за broadcasting издадени од Australian Communications and Media Authority. Истите се само потврда на она што претставува наша примарна цел да создадеме телевизиски провајдер кој ќе ги применува сите светски технолошки достигнувања за да понуди квалитет на нашите гледачи.

Дополнителна сатисфакција ни претставува и фактот што повеке од стотина кабловски,сателитски и ип провајдери ширум светот ги емитуваат нашите телевизиски канали, а со тоа укажуваат на довербата која ја имаат во нас и нашиот квалитет. Преку емитување на телевизиските канали Мис ТВ, БОМ ТВ и К15 ТВ обезбедуваме програма која е атрактивна за различни генерации што ни е дополнителен мотив да вложуваме во нејзиниот перманентен развој. Сите информации поврзани со издадените дозволи на име на нашата компанија можете да ги проследите на линкот на Australian Communications and Media Authority ([You must be registered and logged in to see this link.]

Искрено се надеваме дека ова известување ќе Ви биде од корист при Вашето разгледување на правната основа за постоењето на нашата компанија. Доколку сепак Ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте не, а ние Ви стоиме на располагање за доставување на сите податоци кои ќе ни бидат побарани`, стои во писмото на Satellite Community television.


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот