Информативно:Ka Band

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Информативно:Ka Band

Пишување by dejanpetrusevski on Саб 1 Сеп 2012 - 1:02



Ка Банд (Курз-абове банд) е дел од таканаречениот -К- банд кој е дел од микро појасот на електромагнетен спектар.Ка Банд се предпоставува дека е наследник на нас добро познатиот Ку Банд(Курз-ундер банд) кој денес се користи за потребите на емитување на сателитските програми ширум светот но најзастапен е во Европа.

За разлика од Ку Банд,Ка Банд користи распон на фрекфренциите од 18 до 40 Гхз.Појасот од 20 до 30 Гхз се користи за телекомуникациски сателити поточно распонот на фрекфренции помеѓу 18.3-18.8 Гхз и 19.7-20.2 Гхз.Што е толку специфично кај Ка Бандот што заслужува да биде наследник на Ку Бандот?Пред се се работи за фрекфренциски спектар што овозможува доста прецизна покриеност на некое територијално подрачје.Тоа значи дека одреден пренос може да се воспостави на одредено место како на пример Германија сите останати земји нема да имаат сигнал.

Заради таа причина на почеток Ка Банд ке се користи најчесто за фидови,сигналот одреден за некоја земја би бил само за таа и никоја друга.Една од предностите е тоа што за корисниците би била доволна антена со многу мали димензии.Се предпоставува дека доволна би била за следење и антена со само 20-30 см.Споредете го тоа со денешните антени почнувајки од 90 см па се нагоре!

Но сепак и Ка Банд има свои недостатоци,техничарите стравуваат од губење на сигналот при дожд,снег,невреме и друго.Дали би им помогнало во тоа антена со поголем размер пример 50 см или поголем ФЕЦ ке се види во брза иднина кога во Европа ке почнат да се користат и првите Ка Банд транспондери.

Ерата на Ка Банд сеуште не е дојдена,но полека се воведува како следен пренос на сателитски сигнал до крајниот корисник.Како за пример сателитот Сириус 4 кој е планиран да се лансира во орбитата следната година ке носи 2 Ка Банд транспондери,а Ка Банд транспондери треба да имаат и новите Астра сателити.
avatar
dejanpetrusevski
вип член
вип член

мислења мислења : 753
поени поени : 1139
регистриран на 2012-01-20
хумор сателидџија
заблагодарен заблагодарен : 30

Преглед на профилот на членот http://serviskratovo.weebly.com/

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот