mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Мобилната телевизија – нова услуга која ветува!

Go down

Мобилната телевизија – нова услуга која ветува!  Empty Мобилната телевизија – нова услуга која ветува!

Пишување by форумџија Нед 17 Мар 2013 - 21:49

Мобилната телевизија – нова услуга која ветува!

До пред 30 години беше зачудувачки да се воспостави телефонски повик во кое било време со сите и секаде, а денес гледањето телевизија во кое било време, без разлика каде се наоѓаме е наше секојдневие. Со развојот на технологиите и мобилните кориснички уреди, се постави нов светски тренд во мрежите од следна генерација.


Што е всушност мобилна телевизија?


Мобилната телевизија претставува телевизија која се гледа на малите екрани на рачни уреди, кои најчесто претставуваат мобилни телефони. Може да биде услуга кој се плаќа или free-to-air услуга. Постои и опцијата да се симне одредена телевизиска емисија од интернет и да се зачува на мобилниот телефон за подоцна да се гледа.
Постојат различни начини за носење на ТВ содржината до мобилниот уред, иако најчести се два. Едниот е со користење на мобилните телекомуникациски мрежи, преку 3G технологиите, а вториот е со користење на DVB-H платформите. Вторите имаат предност кога станува збор за услуги за мобилна телевизија затоа што спектарот е наменет само на пренесување на ТВ канали, што е подобра алтернатива, наместо онаа кај 3G, кај која опсегот се дели и помеѓу гласовни, податочни и други апликации.
Мобилната телевизија е нов вид на услуга на кој многу амбициозно се работи поради фактот што може да донесе голема заработувачка и на снабдувачите со содржини (на радиодифузерите) и на производителите на мобилни уреди. Кај нас овој тренд го воведе операторот на мобилна мрежа, ONE, кој пренесува ТВ содржини преку неговата 3G-мрежа. Овој тип на услуга не е типична мобилна телевизија, туку реемитување на терестријални канали, наменети за поголеми екрани, преку 3G-мрежата на овој оператор. Во иднина ќе се појават и канали, коишто ќе бидат посебно лиценцирани како „мобилна телевизија“ со содржини, специјално продуцирани за мали дисплеи.



Мобилната телевизија – нова услуга која ветува!  Mobiln10

Xибриден пристап на 3G со DVB-H


Некои експери сметаат дека комбинацијата на интерактивноста на 3G-технологијата и моќта за лесно и квалитетно распространување на сигналот преку DVB-H-технологијата е најдоброто решение за мобилна телевизија. Чистото пренесување преку 3G-мрежите на мобилните оператори на подолги патеки со растење на бројот на корисниците ќе ги преоптовари мобилните мрежи, а чистото користење само на DVB-H-технологијата пак, нема повратен канал, преку кој би се остварила интерактивноста. Токму комбинацијата на овие две технологии во една – мобилна телевизија – ќе претставува успешен модел и вистински пример за целосна конвергенција на радиодифузните и телекомуникациските технологии.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот