mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

На МРТ стартува новото шоу Сите наши песни

Go down

На МРТ стартува новото шоу Сите наши песни Empty На МРТ стартува новото шоу Сите наши песни

Пишување by форумџија Сре 13 Мар 2013 - 23:47

Наскоро на Македонската Радио Телевизија ќе стартува новото музичко реално шоу наречено “Сите наши песни”. Музичкиот портал Музика24 кој што пишува за сите музички случувања кај нас и низ светот, со гордост можеме да кажеме дека е медиумски партнер на МРТ за овој проект и дека редовно ќе Ве известува за се она што е поврзано со ова ново музичко реално тв шоу. Аудициите за “Сите наши песни” ќе се реализираат во студијата на Македонската Радио Телевизија и тоа во следните термини кога и се очекуваат апликантите – кандидатите кои што се пријавиле.

Во сабота 16-ти март со почеток во 10 часот претпладне аудиција ќе имаат кандидатите од следниве градови: Битола, Прилеп, Крушево, Кичево, Струмица, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Берово, Радовиш, Кавадарци, Неготино, Виница, Кочани, Делчево и Богданци. Додека во недела 17-ти март во 10 часот претпладне ги очекуваме кандидатите од следните градови: Велес, Гостивар, Крива Паланка, Тетово, Куманово, Скопје (вклучувајќи ги сите општини).

Од МРТ известуваат дека сите кандидати пожелно е да дојдат еден час порано на денот на аудицијата, како би добиле свој реден број по кој ќе бидат повикувани, а освен личната документација за потврда, со себе потребно е да имаат желба, инспирација, волја и љубов кон музиката бидејќи само вашиот вокал е важен. И да не заборавиме, сите Вие кои што сте кандидати за ова шоу, подгответе една македонска забавна мелодија која ќе ја исполните акапела (без музичка придружба) и тоа е се она што Ви е потребно да бидете чекор од нов почеток. Резултатите од аудициите МРТ ќе ги објави дополнително.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот