mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

МРТ се поднови со ново студио и видео ѕид 7 на 3 метри

Go down

МРТ се поднови со ново студио и видео ѕид 7 на 3 метри Empty МРТ се поднови со ново студио и видео ѕид 7 на 3 метри

Пишување by форумџија Пон 11 Фед 2013 - 22:01

МРТ се поднови со ново студио и видео ѕид 7 на 3 метри Mrt20m10

Покрај подновувањето на камерите и репортажните возила, како и набавката на сервери за ХД/СД и друга опрема, за што говорат бројните тендери, Македонската радио телевизија известираше во ново студио за вести опремено со импресивен видео ѕид од американската компанија “Barco“. Таа произведува специјализирани видео диспели за посебни потреби - од вакви видео ѕидови, до монитори во облик на квадрат за потребите на авионавигацијата и многу други.

Партнери на „Барко“ во Македонија се „Тимак Репрезент“ и „Неоком“ кои во студиото инсталираа Barco OVL-515 LED осветлени видео ѕидни модули со вкупна големина од 7 на 3 метри.

- Barco OVL-515 ни овозможува прикажување светли и јасни слики и видеа, дури и со многуте светла во студиото – вели Цане Петрушевски, главен инженер во МРТ.

Видео ѕидовите на Barco се користат во телевизиските студија ширум светот и компанијата вели дека нив ги гледаат 2 милијарди луѓе секој ден. Видео ѕидот МРТ ќе ја служи барем 80.000 часови, колку што е минималниот животен век на производот
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот