mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Од утревечер започнува „Танц со ѕвездите“

Go down

Од утревечер започнува „Танц со ѕвездите“ Empty Од утревечер започнува „Танц со ѕвездите“

Пишување by форумџија Пет 8 Мар 2013 - 0:22

[You must be registered and logged in to see this image.]

„Танц со ѕвездите“ премиерно ќе започне да се прикажува од утре, на првиот канал на Македонската телевизија. Првиот дел од епизодата кадешто ќе видиме 5 парови ќе се емитува во петок во 20:45 часот, а вториот дел каде ќе ги видиме останатите 5 парови ќе се емитува во сабота во истиот термин.

Танцовите двојки се подготвени да заблескаат во нивното препознатливо светло на дрвениот под за танцување во новото студио на МТВ, досега најголемо од ваков тип во земјава. Гламурозните костими во кои ќе настапуваат нашите ѕвезди и нивните партнери за танцување се готови, а пробите непрекинато се одржуваат секојдневно.

Водителскиот пар кој ќе нè води во секоја нова емисија è подготвен да го најави стартот на првата сезона на шоуто. Добро познатите Тони Михајловски и Симона Николовска ќе го направат шуото „Танц со ѕвездите“ уште поспектакуларно од што е самото по себе, а гледачите ќе имаат можност во некоја од емисиите да бидат сведоци и на умешните танчерски вештини на самите водители.

Предизвикот е голем, а конкуренцијата помеѓу натпреварувачите е дотолку поизразена со самиот факт што секој од нив е професионалец во својата област и ќе направи се за да се докаже и на штиците за танцување. Победникот кој ќе ја понесе титулата за најдобра танцова двојка ќе се бара помеѓу пејачите Викторија Лоба, Александар Белов, Аделина Тахири, актерите Јелена Јованова, Васил Зафирчев, Висар Вишка, ракометарката Андријана Будимир, спортскиот новинар Бранко Чупески, лото девојката и топ модел Маријана Станојковска и нивните професионални денс партнери. Ова популарно шоу е реализирано од страна на Македонската радио телевизија во соработка со „Дрим фектори“.

форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот