mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

МРТ во 2013 со буџет тежок над 5 милиони евра

Go down

МРТ во 2013 со буџет тежок над 5 милиони евра Empty МРТ во 2013 со буџет тежок над 5 милиони евра

Пишување by форумџија Сре 20 Фед 2013 - 22:06

МРТ во 2013 со буџет тежок над 5 милиони евра 6326110

Собранието на РМ претпладнево на 55 седница ги донесе финансиските планови на ЈП Македонска радио-телевизија

Основен извор на финансирање на МРТ е приходот од радиодифузна такса, кој за оваа година е планиран да изнесува 998 милиони денари, што е 63,5 проценти учество во вкупно планираните приходи. Од буџетот на државата се планирани 143 милиони денари, а од продажба на рекламен простор се очекува приход од 80 милиони денари, што е 5,09 проценти учество во вкупниот приход.

Расходите на ЈП МРТ за 2013 година се во насока на реализирање на редовните инвестициски активности. За создавање и емитување на програмата се планирани 1.569.000.000 денари, а од нив за плати на вработените се планирани 332 милиони денари.

Годишниот финансиски план на МРТ за 2013 го образложи претседателот на Советот на ЈП МРТ Слободан Чашуле, кој истакна дека се направени сериозни иновации, кадровско и технолошко освежување и ребрендирани програми, што довело и до раст на гледаноста. Истакна дека е остварена производна и професионална самостојност, а дека се уште се работи на консолидирање на финансиската независност на сервисот.

- МРТ се крева. За да ги достигне стандардите ќе и треба време и ресурси, но процесот почна. Размислуваме како да ја унапредиме програмата во сите сервиси и на сите јазици, рече Чашуле.

На седницата беа донесени и одлуки за одобрување финансиски планови за активностите на сателитските програмски сервиси на МРТ наменети за иселениците, како и финансиски план за редовните и инвестициските активности за Собранискиот канал за 2013.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од дијаспората Павле Саздов истакна дека е задоволен од програмите на МРТ за иселениците кои се информираат за матичната земја, а со нив се негува и мајчиниот јазик посебно кај помладите генерации. Препорача да се поработи на збогатување на програмите со сопствената продукција, како и на веб-порталот за поголема гледаност на сателитските програми.

Собранието го исцрпи дневниот ред на 55-тата седница. За неколку предлог-закони во прво читање, за кои општата расправа беше завршена, пратениците усвоија заклучок дека се прифатливи и треба да преминат на второ читање - измените на Кривичниот законик, измените и дополнувањата на законите за домување, за просторно и урбанистичко планирање и за пожарникарство и Предлог-законот за катастар на недвижности.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот