mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

МРТ1 ни овозможува 25-ти час во денот

Go down

МРТ1 ни овозможува 25-ти час во денот Empty МРТ1 ни овозможува 25-ти час во денот

Пишување by форумџија Пет 11 Јан 2013 - 19:12

[You must be registered and logged in to see this image.]

Започнувајќи од 14. јануари Македонската телевизија стартува со ТВ проектот наречен „25-от час“. Во проектот кој ќе се емитува секој понеделник во 23:30 часот, по Дневникот 3 на МТВ, ќе се прикажуваат сите врвни и уметнички дела од областа на класичната и забавната музика: концерти, балети, џез концерти како и театарски претстави.

„Обидувајќи се да ја освежиме со квалитетен и издржан проект понеделничката вечер на гледачите, избравме идеален 25-ти час, час исполнет со сензибилен звук, балетски претстави, час посветен на џезот или час во кој ќе уживате гледајќи ја вашата омилена театарска претстава, час кој доколку би бил дел од нашето секојдневие задолжително ќе го посветиме на онаа вистинска култура и уметност“, изјави Диме Ратајкоски, уредник на првиот програмски сервис на Македонска телевизија.

Изборот на тимот на „25-от час“ за старт е Вива Верди - традиционалниот василичарски концерт по повод 200 години од раѓањето на Џузепе Верди. Во понеделник во 25-от час на првата програма ќе имаме можност за едночасовно уживање со истакнати оперски уметници од земјава и странство и арии од оперите на големиот мајстор како Магбет, Риголето, Дон Карло, Трубарур, Фалстаф, Симон Боканегра, Бал под маски, Набуко и Травијата. Настапува Хорот и оркестарот на Македонската опера и балет под водство на Бисера Чадловска.

„Констатиравме дека македонските гледачи се жедни за уметнички и културен стимул и дека една ваква емисија навистина недоставува во македонскиот етер, па затоа сега програмата на Македонската телевизија ја докомплетираме со „25-от час“ посветен на убавото“, дополни Ратајкоски.



Планирано е секој понеделник да се менува презентираниот материјал, така што некогаш на репертоарот на овој проект ќе биде емитувана театарска претстава, потоа балетска изведба, џез концерт, поп концерт и слично. Искористете го разумно „25-от“ час кој ни го подарува МТВ секој понеделник од 23:30 часот
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот