Поминуваме 1460 часа годишно пред телевизорот
Страна 1 of 1
Поминуваме 1460 часа годишно пред телевизорот
27% од сопствениците на Smartphones и 63% од сопствениците на таблети ги користат уредите за гледање телевизија, покажува истражувањето нарачано од кабловска компанија.
Интернетот е идеална можност да ги проширите своите хоризонти и да дознаете многу работи за светот. Но, како што изгледа голем дел од луѓето се ограничени на познатите можности, како гледање на телевизија. Статистиката покажува дека 40% од сите пораки на социјалните мрежи се на тема телевизиски емисии.
Исто така беше утврдено дека домаќинствата имаат во просек еден или два телевизора, а нивниот број во последната деценија значително е намален. Но, тоа воопшто не значи дека гледаме помалку телевизија.
Истражувањето покажува дека речиси една третина од корисниците на нови технологии гледаат на нив телевизија најмалку еднаш неделно. Најпопуларниот жанр во филмовите е комедијата, кој е сакан од 95% од населението. Резултатите покажуваат уште дека обичен гледач поминува 1460 часа годишно во гледање телевизија.
Similar topics
» ЈРТ наскоро пред гледачите
» А1 и А2 продолжуваат да зрачат преку А3?
» Кои биле последните зборови на астронаутите пред да ја напуштат Месечината?
» А1 и А2 продолжуваат да зрачат преку А3?
» Кои биле последните зборови на астронаутите пред да ја напуштат Месечината?
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот