Кои биле последните зборови на астронаутите пред да ја напуштат Месечината?
Страна 1 of 1
Кои биле последните зборови на астронаутите пред да ја напуштат Месечината?
Според белешките на Мајлс Обрајан, командантот на мисијата Аполо 17, Џин Цернан, подготвил говор за да го одбележи заминувањето од Месечината. Говорот звучел вака:
„Како што ги правам последните чекори на човекот од површината, пред да дојде следниот пат (се надеваме дека нема да биде во далечната иднина), би сакал само да кажам во што верувам дека ќе биде забележано во историјата: Дека предизвикот на Америка од денес ја гради судбината за утре. И, како што ја напуштаме Месечината во Таурус-Литроу, оставаме како што најдовме, и со волја на Бога, како што ќе се вратиме: со мир и надеж за целото човештво.“
Сепак, ова не се, технички, последните зборови кои биле изговорени на Месечината. Цернан и неговата екипа продолжиле со дијалогот за време на деликатното полетување на вселенското летало од површината на Месечината. Тогаш, кои биле последните зборови изговорени на Месечината?
Според астронаутот од Аполо 7, Валтер Канингем, и неговата книга посветена на астронаутите кои стапнале на Месечината, последните зборови на Цернан биле: „Ајде да бегаме од тука!“. Но, според официјалните податоци на НАСА, последните зборови на Цернан биле одговор на астронаутот Џек Шмит, кој се обидувал да снима со видео-камера. Цернан рекол: „Сега, ајде да си одиме. Заборави ја камерата.“
Ова било следено од одбројување и полетување. Заклучно, претпоставуваме дека последните значајни зборови изговорени на Месечината се :„Заборави ја камерата!“ Аполо 17 успешно се вратиле на Земјата на 19 декември 1972, по 12-дневната мисија. Оттогаш, ниеден човек нема стапнато на Месечината.
Similar topics
» ЈРТ наскоро пред гледачите
» А1 и А2 продолжуваат да зрачат преку А3?
» Поминуваме 1460 часа годишно пред телевизорот
» А1 и А2 продолжуваат да зрачат преку А3?
» Поминуваме 1460 часа годишно пред телевизорот
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот