Се повеќе куќи без телевизор
Страна 1 of 1
Се повеќе куќи без телевизор
Расте бројот на Американци кои престануваат да плаќаат за кабелска или сателитска телевизија. Но она што дополнително зачудува, расте бројот и на оние кои воопшто немаат телевизор, покажува истражувањето на „Nielsen Co“.
Се повеќе луѓе гледаат телевизија онлајн или на паметните телефони. Тие немаат ништо против да ги гледаат омилените серии малку подоцна, кога ќе излезат онлајн, посочуваат од „Nielsen Co“.
„Куќа без телевизор” е последната мода во земјата. Во моментов во САД имаат 5 милиони вакви домови, во споредба со 2 милиони во 2007 година.
Над 130 ТВ канали во САД веќе емитуваат програма за мобилни уреди, но не сите луѓе можат да го прифатат трендот да гледаат телевизија на телефон.
Луѓето без телевизор се претежно млади, неженети и без деца. 43-годишната Синтија Фелпс вели дека не и треба конвенционалната телевизија. Каналите со 24-часовни вести за неа се стресни, не се интересирала за новите серии на „Mad man“ и долго време не знаела кои се сестрите Кардашијан.
Similar topics
» Сони пука на големо со 84-инчниот телевизор XBR
» Околу 13.000 Британци се уште користат црно-бел телевизор
» Eutelsat дистрибуира повеке од 4.000 канали
» Имајте повеќе независни компјутера со 1 куќиште!
» ВИДОВИ НА LNB-a И ПОВЕКЕ LNB-a НА ЕДНА САТЕЛИТСКА АНТЕНА
» Околу 13.000 Британци се уште користат црно-бел телевизор
» Eutelsat дистрибуира повеке од 4.000 канали
» Имајте повеќе независни компјутера со 1 куќиште!
» ВИДОВИ НА LNB-a И ПОВЕКЕ LNB-a НА ЕДНА САТЕЛИТСКА АНТЕНА
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот