mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Како работи GPS?

Go down

20130222

Пишување 

Како работи GPS? Empty Како работи GPS?




Веќе живееме во иднината, имаме преносни уреди кои користат сателити за да ги лоцираат нашите локации насекаде на планетата. Дали сте се запрашале како всушност работи GPS-от?.

Како работи GPS? 51813-10

Од Сателитите во вашата дланка

Глобалниот систем за позиционирање беше направен од страна на Обединетите Нации, првично за воена употреба, но за на крај да се отвори и за цивилна употреба. Најмалку 24 GPS сателити се секогаш во орбитата околу Земјата и тие константно емитуваат податоци.

Сателитите се подредени во орбитата така што четири од нив се видливи на небото од секоја точка на Земјата (Всушност не можете да ги видите, но има директна врска за радио пренос). Ова значи дека GPS-от нема да работи доколку сигналите се блокирани. Во подземен бункер или во некоја пештера на планина, нема да работи.

GPS сателитите константно пренесуваат радио сигнали кон Земјата. Секој пренос ја вклучува локацијата на GPS сателитот и времето во кое сигналот е испратен. Секој сателит има атомски часовник, па времето е многу точно.

Како работи GPS? 10090710

Како GPS ја открива вашата локација?

Уредот всушност не ги контактира сателитите за да ја пронајдат вашата локација. Наместо тоа, тој само ги „слуша" радио сигналите кои се испраќаат од овие сателити константно.

GPS приемникот „слуша" сигнали од четири или повеќе сателити. Сигналите од поблиските сателити ќе пристигнат побрзо, додека сигналите од подалечните сателити подоцна. (Разликата во ова време е многу мала, но може да се забележи од страна на GPS примачот) Со споредување на времето за кое сигналот бил емитуван и времето за кое тој пристигнал, приемникот може да ја процени неговата релативна оддалеченост од сите четири сателити. Со користење на trilateration алгоритамот, примателот може да ја утврди локацијата.

Trilateration можеби звучи малку комплицирано, но всушност е прилично едноставно. Замислете дека некој ви каже дека сте на 70 км од Скопје, 110 км од Битола и 200 км од Гевгелија. Со овие информации можете да откриете место кое е со точна оддалеченост од сите овие градови и да ја најдете локација уште поточно. Доколку ви кажат оддалеченост од некој четврти град, можете да ја процените локацијата уште поточно. Тоа е на кратко trilateration и тоа е она што GPS приемниците го прават секогаш кога ги користите.

Како работи GPS? 10110910

Алтернативи на GPS

GPS - от не е единствениот начин на кој уредите можат да ја утврдат точната локација. 911 сервисот користи моќни мобилни информациони кули за да ја пресмета позицијата на мобилните телефони со помош на triangulaiton процесот. Овој процес работи на сличен начин - со мерење на разликата на должината на сигналот помеѓу мобилните кули, уредот може да ја процени вашата моментална локација.

Како работи GPS? 10150510

Некои уреди можат да користат и системи за позиционирање базирани на Wi-Fi (WPS), за да ја откријат нивната моментална локација.

Вашиот паметен телефон скенира за безжични мрежи во близина, а потоа, испраќа листа од нивните имиња и должината на сигналот до серверите на Google. Тогаш Google ја користи својата база на податоци и проценува каде се наоѓате. Ова може да биде погодно за оние затворени локации каде GPS сигналите не можат да пристапат.

GPS системот не е само мрежа од сателити кои можат да се користат за позиционирање. Русија го има својот GLONASS систем а Кина го има BDS. Европа исто така работи на алтернатива за својот GPS, позната како Galileo. GPS-от може да се исклучи или да се ограничи во време на војни или конфликти, па државите сакаат своите сателити да се одржуваат сами.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот