mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Тони Михајловски ќе „танцува со ѕвездите“ на МТВ

Go down

Тони Михајловски ќе „танцува со ѕвездите“ на МТВ Empty Тони Михајловски ќе „танцува со ѕвездите“ на МТВ

Пишување by форумџија Нед 20 Јан 2013 - 17:21

[You must be registered and logged in to see this image.]


Светското шоу „Танцот со ѕвездите“ оваа година ќе биде дел од програмата на Македонската телевизија. Националниот сервис во соработка со Дрим Фактори продукција веќе започна со реализација на шоуто.

„Станува збор за проект каде познати личности ќе учат да танцуваат со искусни танчери. По секое шоу се гласа и еден од паровите излегува. Повеќе од сигурни сме дека ова популарно шоу ќе постигне голем успех. Оригиналното шоу од каде се преземени сите обврски е на ББС, а се емитува веќе во 42 земји“, објасни генералниот директор на Националниот сервис, Марјан Цветковски.


Според продуцентите на шоуто овој проект е доста значаен во недостиг на квалитетна продукција на програма на македонските телевизии.

„Танчерите ќе бидат оценувани од жири, а секој од гледачите ќе може да гласа за својот фаворит исто така. Водител на целиот настан ќе биде Тони Михајловски. Веќе започнавме со снимање на дел од материјалите што ќе одат во првите емисии како најава за шоуто“, додаде Огнен Антов од Дрим Фактори продукција.


Шоуто е меѓу најгледаните 10 емисии во 17 земји каде е адаптирано. Шоуто прави парови од голем број на познати ѕвезди со професионални танчери, кои секоја недела се натпреваруваат, изведувајќи една или повеќе кореографии кои следат одредена тема, предвидена за неделата кога се емитува шоуто. Танчерите, потоа се оценети од страна на судиите преку панели со бодови. На гледачите им е дадена можност во одредено време да гласаат телефонски или пак во некои земји, тоа можат да го направат и онлајн. Парот кој што има најмал број на поени во текот на вечерта, е елиминиран од страна на судиите. Овој процес продолжува се додека не останат само два или три пара на играчи кои ќе треба да се натпреваруваат меѓу себе, сè додека не се одлучи која ќе биде победничката двојка.

Шоуто почнува да се емитува во текот на месец февруари, на Македонската телевизија. Во прилог се имињата на професионалните танчери што ќе танцуваат со ѕвездите:

Илија Карадакоски
Марина Овезовска
Симона Веселиновска
Мишо Спасовски
Наде Миленкова
Нермин Кочан
Ванчо Ангелески
Јована Василева
Ива Петровска
Христијан Димитровски



ФАКТИ ОКОЛУ „ТАНЦ СО ЅВЕЗДИТЕ“ ВО СВЕТОТ


Танц со ѕвездите е интернационална телевизиско шоу кое е креирано/измислено од BBC ова шоу претставува конкуренција на повеќе парови кои имаат една недела време да спремат кореографија. Ова шоу е превземена идеја од познатата Британско шоу “Strictly come dancing”- Стрикно дојди да танцуваш. Шоуто е формирано во 2005 година, со почеток на 1 Јуни, 2005 год. Се емитува на американската програма ABC со познатите водители:

Tom Bergeron (2005)
Lisa Canning (2005)
Drew Lachey (2007)
Samantha Harris (2006–09)
Brooke Burke (2010)

Се емитува на многу програми низ целиот свет последните лиценци се дадени на Виетнам ВТВ3(VTV3) Индонезија ИВМ(IVM) секако тука спаѓа и Македонија со емитување на МРТ. Организаторите спојуваат позната личност со професионален танчери. Првата епизода достигнала гледаност од 13 милиони гледачи, со завршување на програмата над 15 милиони гледаност и прогласување на најгледаното шоу во 2005 год. Досега се емитувани 15 сезони, од кои деветтото шоу било посветено на починатиот актер Patrick Swayze и десеттото било посветено на покојниот пејач Michael Jackson. Тотална бројка на јавни личности кои се имаат појавено на оваа емисија е 162. Гласањето се одвива од страна на познати судии кои даваат бројка од 1-10 и од јавноста која има право на глас преку праќање на смс порака одма по завршувањето на танц точките или директно на web страната Dancing with the stars (Танц со ѕвездите). Досега лиценци се дадени на 42 земји и во секоја земја има многу голема гледаност.


ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ - УЧЕСНИЦИ

Познати личности кои учествувале на ова шоу има од различни професии започнувајќи со најпознати актери и пејачи (од различни стилови на музика), водители комичари, модели па се до најпознатите спортисти (боксери, тенисери ). Оние кои најмногу се одвојуваат се:

-Пензиониран играч- NBA Rick Fox,
-Пензиониран играч-NFL Kurt Warner,
-Моделот Pamela Anderson
-супер-модел Petra Nemcova,
-актер и модел-Maria Menounos
-Добитникот на олимписки златен медал
-Evan Lysacek
-Актер-Steve Guttenberg
-Мис на америка за 2004-Shandi Finnessey
-Актер и телевизиски водител-Mario Lopez
-Пејач- Gladys Knight
-Пејач- Gavin DeGraw


ПОБЕДНИЦИ НА АМЕРИКАНСКОТО ШОУ

Победници посебно за секоја сезона

-сезона 1 Kelly Monaco
-сезона 2 Drew Lachey,
-сезона 3 , Emmitt Smith,
-сезона 4 Apolo Ohno,
-сезона 5 Helio Castroneves,
-сезона 6 , Kristi Yamaguchi,
-сезона 7 Brooke Burke Charvet,
-сезона 8 Shawn Johnson
-сезона 9 Donny Osmond
-сезона 10 Nicole Scherzinger
- сезона 11 Jennifer Grey,
- сезона 12 Hines Ward,
-сезона 13 J.R. Martinez
-сезона 14 Donald Driver


ТАНЦ СО ЅВЕЗДИТЕ И ЕМИ НАГРАДИ

Низ својата долгогодишна традиција на емитување, шоуто „Танцување со ѕвездите“ ги има освоено следните Еми награди:

- Најдобра техничка поддршка, Камера, Видео за серијата – 2006 година
- Најдобри костими за голем број на музички програми – 2006 година
- Најдобра техничка поддршка, Камера, Видео за серијата – 2008 година
- Најдобра шминка – 2008 година, епизода 503
- Најдобра фризура – 2009 година, епизода 709
- Најдобра техничка насока, Камера, Видео за серијата – 2010 година, епизода 909
- Најдобра фризура – 2011 година, епизода 1106
- Најдобар домаќин за реално или реално-натпреварувачко шоу – 2012 година, Том Берегорн
- Најдобра шминка – 2012 година, епизода 1307



ТАНЦ СО ЅВЕЗДИТЕ ВО БРИТАНИЈА

„Строго ајде на танцување“ е британско телевизиско шоу, во кое познати личности со професионални танц партнери кои се натпреваруваат во балрум и латино-американски танци. Насловот на ова шоу укажува на продолжување на долготрајната низа на серии „Ајде на танцување“, со алузија на филмот Строго Балрум. Овој формат се извезува во повеќе од 40 други земји и исто така стана инспирација за современите танцови спин-оф Строго танцова треска. Шоуто се емитува на BBC Еден од 15. мај 2004 година, првенствено во сабота навечер. Деветтата серија заврши на 17 декември 2011 година и првото натпреварувачко шоу на десеттата серија беше на 5. октомври 2012 година.
Форматот е меѓународен хит веќе во неколку земји.



ВИДОВИ НА ТАНЦИ

10 видови танци поделени на:

- Меѓународни стандардни
Валцер
Танго
Виенски валцер
Фокстрот
Квикстеп

- Меѓународни латино
Самба
Чача
Румба
Пасо Добле
Џив
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот