Еден бакнеж - освежување на македонскиот етер
Страна 1 of 1
Еден бакнеж - освежување на македонскиот етер
ЕДЕН БАКНЕЖ
недела, 20 часот, Алфа ТВ
Водителката Ирена Спировска и Игор Ангелов, актер од Драмски театар се новата ТВ двојка, која ќе ја води новата забавно музичка емисија на ТВ Алфа „Еден бакнеж“. Тоа ќе биде циклус емисии со најубавите македонски поп евергрин песни.
Најнова продукција на Алфа ТВ е емисијата „Еден бакнеж“ посветена на незаборавните евергрин рефрени на македонската забавна музика. Емисијата е своевиден времеполов кој ќе не потсети на најубавите македонски шлагери, фестивалски композиции, поп и рок хитови од четири различни декади.
Од почетокот на шеесетите години, па се до двеилјадитата. Пејачите кои ќе ја имаат честа, но и одговорноста да ги отпејат во живо старите евергрини се Адријана Јаневска, Наде Талевска, Елена Петреска, Јоце Панов, Ѓорѓи Крстевски и Горан Наумовски подржани од бендот на Благој Маротов, кој е задолжен и за аранжманите. Вовед во секоја декада ќе бидат светски, европски или ЈУ хитови од тоа време.
Во секоја емисија ќе има и соговорници со кои ќе раскажуваат за случувањата кои го обележале периодот кога се создавани овие евергрини
Similar topics
» Еден месец бесплатно HBO и Max Sport + за корисниците на Max TV
» Телевизија „Пинк“ не оди во етер зашто Македонија ја нарекува БЈРМ!
» Телевизија „Пинк“ не оди во етер зашто Македонија ја нарекува БЈРМ!
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот