109 години од првиот лет со авион
Страна 1 of 1
109 години од првиот лет со авион
Браќата Орвил (Дејтон, Охајо, 19 август, 1871 – Дејтон, 30 јануари, 1948) ин Вилбур Рајт (Мелвил, Индијана, 16 април, 1867 – Дејтон, 30 мај, 1912) беа американските конструктори и градители на авиони, како и пионири во воздухопловството, а го изградија првиот авион со мотор.
Браќата Рајт беа првите луѓе кои на 17 декември, 1903 година успеаја да полетаат со својот авион Flyer I прелетувајќи 37 метри. Летот траеше само 12 секунди.
Наредните две години летаа во близина на Дејтон 105 пати и на тој начин збираа нови искуства во летањето. Брзо се откажаа од лежечката положба при управувањето и вградија седиште покрај моторот.
На 20 септември, 1905 година Орвил го изведе првиот кружен лет спуштајќи се на местото од каде што полета, а на 1 декември Вилбур леташе со патници.
Наспроти сè, нивниот прв лет поради лошите временски услови завршува после пар ’скокови’ со авионот. Американските новинари ги нарекуваат лажливи браќа, а нивниот авион утопија.
Similar topics
» 125 години од постоењето на National Geographic Society
» Девет години без легендата Ѓорги Колозов
» Девет години без легендата Ѓорги Колозов
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот