mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ракометарките загубија и од Данска

Go down

Ракометарките загубија и од Данска Empty Ракометарките загубија и од Данска

Пишување by форумџија Нед 9 Дек 2012 - 9:36

Ракометарките загубија и од Данска Rakome10

Женската ракометна репрезентација на Македонија го заврши настапот на 10-то Европско првенство, откако загуби и во третото коло. Подобри од македонските ракометарки беа Данките кои победија со 37:30 (17:12).

Избраничките на Гино Стрезовски, носени од „фалангата“ одлично влегоа во натпреварот и во првите 15 минути целосно го диктираа ритамот. Македонија по шест минути стигна до два гола предност (4:2) која без проблеми ја одржуваа се до 14-та минута и резултат 9:7.

Речиси беспрекорно во овој период функционираа сите линии во тимот, одбраната беше цврста и непробојна предводена од Тања Андрејева, а нападот беше разновиден и минаа сите проигрувања на линијата од шест метри за Наташа Младеновска.

Македонските ракометарки, станаа жртви на силното темпо кое сами го наметнаа, влегоа во лош период кога Данките од 14-та до 20-та минута, со серија од 4:0 стигнаа до предност од 11:9.

Се обиде селекторот Стрезовски, со минута одмор, да ја стабилизира играта на својот тим, но македонските ракометарки не можеа никако во нападот да одговорат на честата промена на зонската одбрана на противничките.

До полувремето Данска постигна 10, а прими три гола и со предност од пет голови замина на одмор.

Инфериорноста, во однос на противничките, македонските ракометарки ја демонстрираа во вториот дел, кога поради големиот број на технички грешки, им дозволија на Данките лесни голови од транзиција, што тие максимално го искористија и во 37-та минута стигнаа до предност од 24:16. До крајот на натпреварот, данските репрезентативки без проблем ја сочуваа предноста за конечна победа .

Инаку, второто полувреме го одбележа повредата на Драгана Пецевска. Во 41-та минута, при еден напад на Данска, левото крило на Македонија, незгодно падна, по укажаната медицинска помош и беше имобилизиран вратот и таа го напушти натпреварот.

Македонија натпреварите на Европското првенство ги заврши на последното место во Б групата, со три порази (Франција, Шведска, Данска), а поради гол разликата ќе биде последно-пласирана на шампионатот.

Јулија Николиќ и Билјана Црвенковска со по седум погодоци беа најефикасни во македонската репрезентација. Робертина Мечевска постигна пет, а Мирјета Бајрамовска четири голови.

Данска, во втората победа на Европското првенство ја предводеше Мие Аугустенсен со осум погодоци, додека голманката Сесил Греве имаше 10 одбрани.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот