mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Канал 5 телевизија со нов сопственик

Go down

Канал 5 телевизија со нов сопственик Empty Канал 5 телевизија со нов сопственик

Пишување by форумџија Пет 28 Сеп 2012 - 21:11

Сопственикот на печатницата „11 Октомври“, Вања Гавриловски, е нов сопственик на Канал 5 телевизија.

Канал 5 телевизија со нов сопственик Kanal511

Откако во текот на вчерашниот ден излегоа информации дека Турчинот Сердар Синлак, кој во Македонија стана познат како новото момче на манекенката Натали Грубовиќ, ја купува телевизијата, довчерашниот сопственик Емил Стојменов ги демантираше тие шпекулации.

Според многумина, Гавриловски веќе има значаен удел во телевизијата и се споменува како близок на семејството Стојменови. Околу продажбата на Канал 5 се зборуваше веќе неколку дена, а причина за тоа е рокот кој СРД (Совет за радиодифуција) им го постави на сопствениците на Сител, Канал 5 и Канал 77. Според Законот за радиодифузија, телевизијата го кршеше членот 11, каде јасно стои дека носители на јавни функции и членови на нивни семејства не можат да вршат радиодифузна дејност.

Претходно Љубисав Иванов-Ѕинго се откажа од пратеничката фотелја и неговиот син остана сопственик на Сител телевизија.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот