mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Иднината на телевизијата и дигиталната дивиденда

Go down

Иднината на телевизијата и дигиталната дивиденда  Empty Иднината на телевизијата и дигиталната дивиденда

Пишување by dejanpetrusevski Пет 17 Aвг 2012 - 8:51

Што е дигитална дивиденда?

Со дигитализацијата на аналогното терестријално емитување на телевизиските содржини ќе се обезбеди поголема компресија на сигналот, па така на некоја сегашна фреквенција за аналогно емитување, каде што се емитува само еден програмски сервис, со дигитално емитување во MPEG-4 компресија, ќе можат да дистрибуираат околу 10 програмски сервиси. Ова овозможува зголемување на пропусниот капацитет на терестријалните мрежи, а со тоа и зголемување на бројот на телевизиските канали, што можат да се примаат безжично, преку антена. Преку ваквата компресија на телевизиските програмски сервиси во дел од UHF-фреквенцискиот спектар се ослободува дополнителен фреквенциски простор, чијшто распон е од 790Mhz до 862Mhz и се нарекува дигитална дивиденда (види илустрација).
[You must be registered and logged in to see this image.]

Дигиталната дивиденда – голема географска покриеност со мали трошоци

Карактеристиките што ги има дигиталната дивиденда неа ја прават многу атрактивна затоа што со помали инвестиции во инфраструктурата за пренос се постигнува поголемо географско покривање на сигналот. Многу телекоми во дигиталната дивиденда гледаат можност за воведување услуги на широкопојасен и мобилен интернет, како што е на пример германски Водафон, кој веќе тестираше брзини на мобилен широкопојасен интернет од 50 Mbit/s даунлоуд и 20 Mbit/s аплоуд. Директорот на „Водафон Германија и Аркор“ (Vodafone Deutschland & Arcor), Фридрих Јоунсен, стартуваше проект „Брз интернет за сите“, чијашто цел е покривање на целата територија на Германија – особено руралните подрачја – со широкопојасен интернет. „Дојче Телеком“ (Deutsche Telekom) постигна брзина од 50Mbit/s на мобилен интернет, при брзина на движење од 110Km/h. Јапонскиот телеком ДоКоМо (DoCoMo) отиде чекор понапред и понуди брзини на безжичен широкопојасен интернет во овој спектар од 250 Mbit/s. Овој тип на мобилни комуникациски услуги се дел од напредната 4G мобилна комуникација, којашто ќе ја замени сегашната „веќе подзастарена“ 3G – технологија.

Ставот на медиумите: „ ... своето не го даваме“

Но, сепак претставниците од медиумскиот бизнис не се откажуваат толку лесно од pal-hdtv1фреквенцискиот спектар во кој до пред некое време емитуваа аналогни телевизиски сигнали. За разлика од мобилните оператори и провајдерите на безжичен широкопојасен интернет, коишто можат да оперираат и во други фреквенциски опсези (WiMax – 3,2 Ghz и UMTS – 2,1 Ghz), аудио-визуелните сервиси најдобро се пренесуваат во за нив одредениот спектар од 470Mhz до 862Mhz (вклучително и дигиталната дивиденда (790Mhz – 862Mhz).
ЕБУ (EBU – European Broadcasting Union), во името на европските јавни радиодифузни сервиси недвосмислено застана во одбрана на спектарот за да го спречи се’ пореалното „Eлдорадо“ на телекомите – дигиталната дивиденда. И тоа со право: главната причина против скусувањето на радиодифузниот фреквенциски спектар ќе ја ограничи, ако не и целосно спречи можноста за воведување на телевизија со висока дефиниција (HDTV), којашто зафаќа најмалку дупло повеќе ресурси од дигиталната телевизија со стандардна дефиниција. Значи со компресијата на програмските сервиси навидум се добива плус простор, само затоа што во моментов доминираат содржините со стандардна дефиниција. Но, публиката инвестира во приемници со висока дефиниција и со право бара услуги, коишто ќе мораат да бидат со ХД-квалитет. Па така, повторно ќе се појави потреба за поголема проточност на безжичните дигитални мрежи. На сето ова се надоврзуваат и другите типови на услуги од подрачјето на „интерактивната телевизија“, услугите „на барање“ (on demand), за коишто недвосмислено ќе бидат потребни и попроточни мрежи, но и повратен сигнал од корисникот до обезбедувачот на медиумските услуги.
[You must be registered and logged in to see this image.]

Дигиталната дивиденда во Македонија да се користи за медиумски услуги

Од сондажата што ја направи СРД, менаџерите на македонските медиуми не сакаат фреквенцискиот спектар од дигиталната дивиденда да им биде одземен, зашто планираат воведување на нови медиумски услуги, за коишто ќе им биде потребна дигиталната дивиденда. Со оглед на големиот број на обезбедувачи на медиумски содржини (радиодифузери) и непостоењето на понуда на домашни канали со висока дефиниција, постои потреба за зачувување на дигиталната дивиденда, што ќе се добие по целосната дигитализација на терестријалниот пренос и исклучувањето на аналогните предаватели, којашто ќе даде простор за следниот чекор, а тоа е премин од телевизија со стандардна дефиниција во телевизија со висока дефиниција. Затоа, Советот за радиодифузија упати мислење до македонските власти, фреквенцискиот спектар од дигиталната дивиденда и понатаму да се користи за обезбедување аудио-визуелни медиумски услуги, затоа што преминот од аналоген во дигитален пренос не е крај на развојот на медиумите, туку само една етапа од него. Иднината, сепак е HDTV.
dejanpetrusevski
dejanpetrusevski
вип член
вип член

мислења мислења : 753
поени поени : 1139
регистриран на 2012-01-20
хумор сателидџија
заблагодарен заблагодарен : 30

http://serviskratovo.weebly.com/

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот