mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Канал 5 емитува дигитален сигнал

Go down

Канал 5 емитува дигитален сигнал Empty Канал 5 емитува дигитален сигнал

Пишување by форумџија Вто 9 Апр 2013 - 13:02

Канал 5 ќе побара од Бум ТВ да го ослободи кодираниот дигитален сигнал за да може сите граѓани бесплатно да ја гледаат програмата.

Канал 5 емитува дигитален сигнал Digita11

Канал 5 ја исполни обврската со дигитализацијата да емитува дигитален земски сигнал преку јавна комуникациска мрежа. Уште во 2010 Канал 5 склучи договор со Диги плус Мултумедија Скопје за емитување на дигитален сигнал односно Ди Ви Би Ти ( DVB-T ) преку Бум ТВ платформата на компанијата ОНЕ.

Спротивно на овој договор, Бум ТВ го емитува дигиталниот сигнал на Канал 5 но само за своите корисници. Според договорот веќе следната недела Канал 5 ќе побара од компанијата да го ослободи кодираниот сигнал на телевизијата за да можат сите граѓани кои што имаат дигитални уреди во телевизорите бесплатно да ја гледаат програмата на нашата телевизија преку оваа платформа

- Бараме поддршка од нашето ресорно министерство и Министерот Ивановски и бараме да се најде начин да се надмине овој проблем. Ние сакаме да зрачиме од 1 јуни во ХД резолуција, сакаме да платиме соодветна сума нормална соодветно економската состојба во Македонија и некои балкански стандарди. Но за жал никој до сега не не контактираше, изјави Иван Мирчевски директор на Канал5.

Дигитализацијата треба да се спроведе на 1 јуни годинава. Дигиталните сигнали на националните телевизии треба да ги пренесува ОНЕ преку два мултиплекса за што годишно телевизиите треба да платат околу 130 илјади евра.

Канал 5 смета дека цената е висока, економски неоправдана и неприфатлива. Мирчевски вели дека наместо дигитализацијата да донесе пониски цени и повисок квалитет, годишниот надомест кон ОНЕ ќе донесе многу повисоки трошоци за телевизијата.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот