Се повеќе куќи без телевизор

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Се повеќе куќи без телевизор

Пишување by форумџија on Вто 9 Апр 2013 - 12:47



Расте бројот на Американци кои престануваат да плаќаат за кабелска или сателитска телевизија. Но она што дополнително зачудува, расте бројот и на оние кои воопшто немаат телевизор, покажува истражувањето на „Nielsen Co“.

Се повеќе луѓе гледаат телевизија онлајн или на паметните телефони. Тие немаат ништо против да ги гледаат омилените серии малку подоцна, кога ќе излезат онлајн, посочуваат од „Nielsen Co“.

„Куќа без телевизор” е последната мода во земјата. Во моментов во САД имаат 5 милиони вакви домови, во споредба со 2 милиони во 2007 година.

Над 130 ТВ канали во САД веќе емитуваат програма за мобилни уреди, но не сите луѓе можат да го прифатат трендот да гледаат телевизија на телефон.

Луѓето без телевизор се претежно млади, неженети и без деца. 43-годишната Синтија Фелпс вели дека не и треба конвенционалната телевизија. Каналите со 24-часовни вести за неа се стресни, не се интересирала за новите серии на „Mad man“ и долго време не знаела кои се сестрите Кардашијан.


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот