Србија ја укинува претплатата за радио-дифузија
Страна 1 of 1
Србија ја укинува претплатата за радио-дифузија
Месечната претплата за Радио-телевизија Србија (РТС) ќе биде укината а јавниот сервис во следните три години ќе се финансира од државниот буџет, пишува дневниот весник „Данас“
Како што пренесува весникот, потпретседателот на Владата Александар Вучиќ одлучил дека во следните три години РТС ќе се финансира исклучиво од буџетот, затоа што неодамна беше отфрлен предлогот радио-дифузната претплата да се наплатува преку данокот на имот.
Вучиќ ги известил предлагачите на законот за електронски медиуми дека претплатата треба да се укине и дека на граѓаните не треба да им се воведува нова давачка. Ваквото решение ќе трае се додека не се најде некое подобро, изјавил Вучиќ а пренесува „Данас“.
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|