Канал 5 открива зашто ќе нема домашни HD канали

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Канал 5 открива зашто ќе нема домашни HD канали

Пишување by dejanpetrusevski on Сре 20 Мар 2013 - 13:22

Канал 5 телевизија денеска во централните вести откри зашто Македонците нема да гледаат домашни HD канали. Во продолжение прочитајте го нивното соопштение кое ТВ Пакет го презема во целост од нивниот веб портал.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Понудата на ОНЕ за дигитализација е неприфатлива

Понудата од ОНЕ од 130 илјади евра за дигитализација е огромна и неприфатлива за телевизиите и ќе донесе загуби велат од Здружението на приватни национални телевизии

Цената од околу 130 илјади евра што операторот ОНЕ ја бара од националните телевизии за емитување на дигитален сигнал со воведување на дигитализацијата е висока, економски неоправдана и неприфатлива за телевизиите.

Наместо дигитализацијата да донесе пониски цени и повисок квалитет, годишниот надомест кон ОНЕ ќе донесе загуби за телевизиите, велат од здружението на приватни национални телевизии.

- Нашите месечни апромаксивни трошоци или ако саката на годишно ниво се околу 70 илјади евра а со понудата која ОНЕ ја доставува сега во моментов ние треба да плаќаме околу 130 илјади евра за проток на 2 мегабити во секунда што значи дека ќе бидеме во страшна финансиска загуба а од друга страна нема да добиеме висококвалитетен сигнал односно ХД што впрочем е идејата на дигитализацијата. И сега се поставува нормално прашање, ако не плаќаме помалку туку двојно повеќе а од друга страна никој не ни гарантира дека одиме во ХД сигнал, кој е виновен, изјави Иван Мирчевски директор на ТВ Канал 5.

Дигитализацијата треба да се спроведе на 1 јуни годинава, сите телевизии треба да го исклучат аналогниот сигнал и да преминат на дигитално емитување.

Но од здружението велат, цената што ОНЕ ја бара е наметната, до сега ниту еден од компанијата не ги повикал да разговараат околу квалитетот на сигналот и цената што треба да се плати.

- Ние сакаме да знаеме што не чека по 1 јуни. Ние сакаме да знаеме дали ќе останат на оваа цена поради тоа што оваа цена е крајно неприфатлива за нас. Бараме поддршка од нашето ресорно министерство и Министерот Ивановски и бараме да се најде начин да се надмине овој проблем. Ние сакаме да зрачиме од 1 јуни во ХД резолуција, сакаме да платиме соодветна сума нормала соодветно економската состојба во Македонија и некои балкански стандарди, изјави директорот на Канал 5 Иван Мирчевски

Од АЕК која ги регулира пазарните цени велат дека треба да почекаат една година за да ги анализираат годишните трошоци на ОНЕ па потоа ќе се види дали има простор за ценовна корекција.
avatar
dejanpetrusevski
вип член
вип член

мислења мислења : 753
поени поени : 1139
регистриран на 2012-01-20
хумор сателидџија
заблагодарен заблагодарен : 30

Преглед на профилот на членот http://serviskratovo.weebly.com/

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот