Сони пука на големо со 84-инчниот телевизор XBR

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Сони пука на големо со 84-инчниот телевизор XBR

Пишување by форумџија on Чет 14 Мар 2013 - 22:01



3Д телевизорите веќе некое време се уреди по кои страсно сонуваме, а новите телевизори со 4К ултра висока резолуција само го разубавуваат нашиот сон.

Сони XBR е модел на телевизор во кој се спакувани екстра пиксели: со екран од 3840 х 2160 пиксели, нуди четири пати поголема резолуција од денешните ТВ уреди со 1080p. Се уште нема многу содржини што можат максимално да го искористат овој технолошки џин, но XBR може директно да се поврзе со библиотеката на Сони каде има голем број на наслови со висока резолуција. Исто така, телевизорот може да се поврзе со популарните Интернет сервиси како YouTube, Facebook, Netflix и Pandora.

Гејмерите особено ќе бидат заинтересирани за овој модел. Во комбинација со PlayStation 3 и посебни очила, XBR на гејмерите им нуди поделба на екранот кој задржува HD слика – идеално за многу мултиплеер игри. Но не се заборавени ниту 3Д ентузијастите – XBR подржува дополнителна димензија.

Но ваквата играчка за луда забава не може секој да си ја препушти. Овој 84-инчен телевизор нема да блеска во многу дневни соби бидејќи чини дури 25.000 долари.


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот