Toshiba развива телевизори кои работат без струја

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Toshiba развива телевизори кои работат без струја

Пишување by форумџија on Чет 14 Мар 2013 - 21:46



Веруваме дека повеќето од вас се изнервирани од каблите кои се мотаат околу вашиот телевизор. Toshiba работи на концепт преку кој би елиминирале дел од тие кабли, односно барем кабелот за струја...

Една од главните предности на OLED технологијата е ниското ниво на електрична енергија кое е потребно за да функционираат. Toshiba ја комбинираше OLED технологијата со една друга, односно технологијата на безжично полнење на уреди и пробува да го создаде првиот телевизор кој ќе може да работи на безжична електрична енергија.

Најчесто, оваа технологија за безжично полнење се користи од страна на мобилните уреди. Toshiba го вметна овој систем за напојување во еден од своите OLED дисплеи и резултатот е целосно функционален екран кој работи без никакви кабли. Компанијата го презентираше овој екран на Lightning саемот во Токио оваа недела. Беа искористени 9 различни OLED екрани кои прикажуваа светлина. Екраните беа поставени на една голема рамка која им даваше струја по потреба. Корисниците можеа самите да ги конфигурираат формите кои се појавуваа на екраните.



Единствениот проблем кој се појавува со овие OLED дисплеи е light bleed, односно продирање на светлината од задниот дел на екранот паралелно со предниот. Просечниот light bleed кај овие дисплеи е 30%, но Toshiba тврди дека успеале да ја намалат оваа бројка до само 10%.


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот