mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Сони пука на големо со 84-инчниот телевизор XBR

Go down

Сони пука на големо со 84-инчниот телевизор XBR  Empty Сони пука на големо со 84-инчниот телевизор XBR

Пишување by форумџија Чет 14 Мар 2013 - 22:01

Сони пука на големо со 84-инчниот телевизор XBR  Sony_x10

3Д телевизорите веќе некое време се уреди по кои страсно сонуваме, а новите телевизори со 4К ултра висока резолуција само го разубавуваат нашиот сон.

Сони XBR е модел на телевизор во кој се спакувани екстра пиксели: со екран од 3840 х 2160 пиксели, нуди четири пати поголема резолуција од денешните ТВ уреди со 1080p. Се уште нема многу содржини што можат максимално да го искористат овој технолошки џин, но XBR може директно да се поврзе со библиотеката на Сони каде има голем број на наслови со висока резолуција. Исто така, телевизорот може да се поврзе со популарните Интернет сервиси како YouTube, Facebook, Netflix и Pandora.

Гејмерите особено ќе бидат заинтересирани за овој модел. Во комбинација со PlayStation 3 и посебни очила, XBR на гејмерите им нуди поделба на екранот кој задржува HD слика – идеално за многу мултиплеер игри. Но не се заборавени ниту 3Д ентузијастите – XBR подржува дополнителна димензија.

Но ваквата играчка за луда забава не може секој да си ја препушти. Овој 84-инчен телевизор нема да блеска во многу дневни соби бидејќи чини дури 25.000 долари.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот