Најлошите серии за 2012

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Најлошите серии за 2012

Пишување by mile on Саб 2 Мар 2013 - 17:50

Магазинот Complex направи листа на 10-те најлоши серии коа се прикажуваат во САД.


[You must be registered and logged in to see this image.]

Во период кога се прават листите за најдобрите работи во изминатата
година, многу интересни се и листите за најлошите работи. Така да, ви ја
претставуваме листата на најлошите серии за изминатата година:

10. Jersey Shore (MTV)








Едноставно, толку е лошо, што е не ни заслужува да е на листа со серии, но сепак, ете ја.



9. The Killing (AMC)








Серијата имаше брилијантна прва сезона,
со што доби голем број на фанови. Но втората сезона е тотално
спротивност. Според Complex, тоа што се откри кој е убиецот а останаа не
покриени многу необјаснети работи, било доволно за оваа серија да биде
на листата.



8. Are you there, Chelsea? (NBC)








Лаура Препон, ѕвездата од популарната
серија "That 70s Show", е главната актерка во серијата, која се врти
околу нејзиниот лик. Но серијата е премногу лоша, за да се извади на
одличната глума на актерката.



7. Glee (Fox)








Тинејџерската серија за средношколци кои
се приклучуваат во glee клуб, и пеат преработки на популарни песни, беше
одлично прифатено пред неколку години. Сега е само досадно.



6. Revolution (NBC)








Типична серија за Џ.Џ. Абрамс, кога збориме за последниве години. Се очекуваше многу, а повторно разочара.



5. Two and a Half Man (CBS)








Кога си отиде Чарли Шин, серијата стана
неколку пати полоша. Едноставно, толку е досадна, што најголемо внимание
за неа се посвети, кога еден од актерите рече дека е лоша.



4. 2 Broke Girls (CBS)








Серија која има...премногу чуден хумор за публиката во САД. Па и пошироко.



3. Made in Jersey (CBS)










Млада девојка се приклучува на голема
адвокатска фирма, каде што го покажува својот чуден стил на работа.
Колку пати сте го гледале тоа? Точно, премногу пати. Затоа по 4 епизоди,
оваа серија беше тргната од програмата.



2. Animal Practice (NBC)










Серијата од која се очекуваше многу, покажа ништо. Само шест епизоди се прикажаа од оваа серија.



1. Rob (CBS)










И покрај одличниот избор за споредни
актери, сепак Роб Шнајдер потврди зашто само Адам Сендлер го вработува
во неговите филмови. Само осум епизоди за оваа серија.
avatar
mile
активен член
активен член

мислења мислења : 57
поени поени : 83
регистриран на 2012-04-16
заблагодарен заблагодарен : 4

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот