mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Турција планира до 2017. да биде меѓу десетте сателитски оператори во светот

Go down

Турција планира до 2017. да биде меѓу десетте сателитски оператори во светот Empty Турција планира до 2017. да биде меѓу десетте сателитски оператори во светот

Пишување by форумџија Пон 11 Мар 2013 - 14:17

[You must be registered and logged in to see this image.]

Турција до 2017 година планира да стане еден од десетте водечки светски сателитски оператори, што беше визија и на поранешниот претседател Тургут Озал, изјави генералниот директор на Турската национална компанија за сателитска технологија, Озкан Далбај, јави Анадолија.

Тој додаде дека Турција постигнала значителен напредок во вселенските мисии, благодарение на доследноста на визијата на поранешниот претседател Озал.

- Кон крајот на ’80-те години од минатиот век Турција аплицираше за проект за инсталација на сателитот ТУРКСАТ во земјината орбита и тогаш доби право за инсталација на степените 31, 42 и 50, што беше од стратешка важност, истакна тој, укажувајќи на големата конкуренција на разни земји, која има за цел остварување на правата на инсталација на своите сателитски механизми во земјината орбита.

Далбај напомена дека Турција во рамки на Планот за стратешки развој од 2009 година, кон крајот на 2014 ќе лансира сателит ТУРКСАТ 4А.

- Ние сме на 16. место на листата земји според развојот на сателитската комуникација. Со сателитите ТУРКСАТ 4А и 4Б, ќе го унапредиме своето место за две или три позиции. Планираме да имаме пет сателити, Секако тоа не е доволно за Турција. Нашата цел е до 2017 година да бидеме меѓу првите десет сателитски оператори во светот, додаде Далбај.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот