Еден месец бесплатно HBO и Max Sport + за корисниците на Max TV

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Еден месец бесплатно HBO и Max Sport + за корисниците на Max TV

Пишување by форумџија on Пет 22 Фед 2013 - 20:45

[You must be registered and logged in to see this image.]

Македонски Телеком овозможи еден месец бесплатно следење на HBO и Max Sport + за корисниците на Max TV, со што ја прославуваат бројката од 70.000 корисници на нивните услуги и порастот за 66 отсто во 2012 година.

Постојните корисници на 3 Max, 2 Max и Family Max пакетите кои не користат HBO пакет или Max Sport +ќе можат да ги активираат во перидот од 15 февруари до 1 април и бесплатно да гледаат еден месец. За оние кои веќе ги имаат активирано овие два пакети, следењето на истите за еден месец ќе биде бесплатно, поточно, нема да им се наплати.

„Max TV по четири години на македонскиот пазар се претвори во лидер на пазарот на телевизијата со 70.000 корисници. Многу сме горди од ова, не само од бројката од 70 илјади, туку и од тоа што сме лидери на пазарот и начинот на кој тоа го достигнавме. Тоа почна во 2012 година кога имавме огромен раст од 66 отсто повеќе корисници од 2011 година“, рече Даниел Сас, главен извршен директор на Македонски телеком.

Од вкупниот број корисници на MaxTV , 11,5 отсто се поврзани преку оптика, а Сас се надева дека во оваа година ќе може таа бројка да се зголеми до 80 отсто.

Во 2013 година, Манче Трендафилов, директор на Сектор за управување со производи за резиденцијални корисници, најави новитети кои се подготвуваат од Македонски телеком за корисниците.

„Сакаме да им искажеме благодарност на нашите корисници, со тоа што со почеток од утре, 15 февруари ќе почнеме една кампања, со којашто на сите наши MaxTV корисници, ќе им овозможиме во рок од еден месец бесплатно да ги користат нашите пакети HBO пакетот и Max Sport +, како и сите натпревари од Лигата на шампиони“, рече Трендафилов.

Тој најави дека со позабрзано темпо ќе работат на напредок на технологијата, со цел да ги задоволат потребите на корисниците.


„Нашите корисници треба да очекуваат новитети од нас во 2013 година, како што се воведување нови канали од типот на 24 Kitchen, Travel channel HD, новиот FOX channel, Auto Moto Sport HD и други канали во HD висока резолуција“, рече Трендафилов.

Најави дека ќе им се овозможи на корисниците еднаш да одберат превод на тв каналите кои сакаат да ги гледаат и при тоа да ги фиксираат, без потреба на секое менување на каналите повторно да бираат превод .

Исто така, ќе понудат и можност постојано и во секое време да се премотуваат сите национални канали без разлика дали во моментот бил следен соодветниот канал којшто сакаат да го премотаат или не.


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот