Ал џезира во канџите на цензурата

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Ал џезира во канџите на цензурата

Пишување by форумџија on Сре 20 Фед 2013 - 18:54



Некогаш водечката арапска телевизија важеше за глас на безгласните, но сега се' повеќе има политичка агенда

Повеќе од една деценија, арапскиот телевизиски канал „Ал џезира“ беше широкопочитуван, бидејќи обезбедуваше независен глас од Блискиот Исток. Сепак, неодамна заминаа неколку врвни новинари, велејќи дека станицата има развиено јасна политичка агенда.

Рачниот часовник на Актам Сулиман секогаш одеше напред. Иако тој живееше во Берлин, часовникот секогаш му го покажуваше времето во Доха, главниот град на емиратот Катар – кој, исто така, е седиште на „Ал џезира“, телевизиската мрежа која го вработува Сулиман, роден во Дамаск, како дописник за Германија од 2002 година.

„Времето во Доха беше време на ’Џезира’“, вели тој. „Беше чест да се работи за овој медиум“.

Пред еден и пол година, Сулиман (42) го ресетираше часовникот на германско време, бидејќи се разочара од „Ал џезира“. И не само поради тоа што телевизијата се чинеше помалку заинтересирана за извештаи од Европа. Сулиман повеќе имаше чувство дека веќе не му е дозволено да работи како независен новинар.

Во август минатата година, тој се повлече од работното место. „Пред почетокот на Арапската пролет, ние бевме глас за промени“, вели тој, „платформа за критичари и политички активисти во целиот регион. Сега, ’Ал џезира’ станува пропаганден медиум“.

Сулиман не е единствениот кој се чувствува огорчено разочаран. Арапската телевизиска мрежа неодамна доживеа егзодус на истакнати кадри. Новинари и спикери во градовите како што се Париз, Лондон, Москва, Бејрут и Каиро ја напуштија „Ал џезира“, и покрај, како што се смета, луксузните услови за работа во централно лоцираните канцеларии. И покрај фактот дека мрежата инвестира околу 500 милиони долари во САД, со цел да привлече уште повеќе гледачи на најголемиот телевизиски пазар во светот - во кој најголемиот конкурент, Си-Ен-Ен, е дома.

„Ал џезира“ има над 3.000 вработени и 65 дописнички канцеларии низ целиот свет - и гледачи во околу 50 милиони домаќинства низ арапскиот свет. Но, исто така, има проблем: повеќе од кога било досега, критичарите тврдат дека телевизијата следи јасна политичка агенда и не ги почитува принципите на новинарска независност.

Такви обвинувања, се разбира, се изнесуваат и против западните медиуми. Но, обвинението ќе ја постави „Ал џезира“ на исто ниво со „Фокс њуз“ - која ја следи агендата на конзервативниот медиумски магнат Руперт Мардок во САД - наместо Си-Ен-Ен.

Всушност, арапското програмирање на „Ал џезира“ - што на арапски значи „островот“- започна во 1996 година со благородна цел: имаше цел да служи како објективен медиум во свет на ригорозна цензура.

Мрежата емитуваше пораки од Осама бин Ладен, поттикнувајќи навредливи критики од САД, каде што се сметаше за „терористичка мрежа“. Во исто време, тоа беше единствениот арапски медиум кој редовно канеше израелски политичари на дебати. Нејзините дописници не се двоумеа да го наречат поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин „диктатор“ - а египетскиот владетел Хосни Мубарак „мекуш“. Уште повеќе, новинарите на мрежата известуваа за дисиденти, меѓу кои и членови на исламистичкото Муслиманско братство, кои беа принудени со години да скапуваат во затвор под режимот на Мубарак. Таква храброст и информативно новинарство и' донесе на „Ал џезира“ неколку награди.

Меѓутоа, од Арапската пролет многу поранешни дисиденти дојдоа на власт во регионот - и тие млади лидери често покажуваат мало почитување на демократските принципи. „Ал џезира“, сепак, бесрамно им се додворува на новите владетели.

Денес, кога Египќаните протестираат против претседателот Мохамед Морси и владеењето на Муслиманското братство, „Ал џезира“ често ги критикува, во стилот на старата провладина ТВ-станица. Спротивно на тоа, според поранешниот дописник Сулиман, извршните директори на „Ал џезира“ наредуваат дека декретите на Морси треба да се претстават како бисери на мудроста. „Таков диктаторски пристап претходно би бил незамислив“, вели тој. „Во Египет станавме сатенска телевизија за Морси“.

Тоа е прилично изненадувачки со оглед дека Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани, емирот на Катар и финансиер на мрежата, забрануваше такво бесрамно ширење на влијанието. Ѕидовите на модерното седиште на телевизијата во Доха се украсени со цитати од слободни мислители како Боб Дилан и Махатма Ганди.

Но, емирот, кој, исто така, има автократски стил на лидерство и повремено става несакани новинари зад решетки, има се' потешко време со независните духови кои работат на неговиот омилен проект.

Негативните наслови доаѓаат во лошо време за „Ал џезира“. Неколку години, нејзиниот производ на англиски јазик се обидува да стекне основа на доходовниот американски пазар, но водечки американски кабелски компании му даваат многу мал пристап.

На почетокот на годинава „Ал џезира“ потроши 500 милиони долари за да ја купи Карент ТВ, која беше кооснована од поранешниот американски потпретседател Ал Гор. Овој пробивен левоориентиран политички канал е фијаско за гледачите и има очајно низок рејтинг; сепак, може да се гледа во над 40 милиони американски домаќинства.

„Се разбира, цената е премногу висока за таргетиран медиум, но емирот на Катар, конечно, сакаше да се прошири во Америка“, вели американскиот професор по новинарство Филип Сиб од Универзитетот во Јужна Калифорнија. Сиб вели дека „Ал џезира“ се соочува со зголемена конкуренција во арапскиот домашен пазар од локалните радиодифузери и меѓународни ривали. Тој верува дека проширувањето во САД е логична последица на тој развој.

Дали огромната инвестиција ќе се исплати? Пазарот за странски вести во САД продолжува да се намалува, а јавноста е воздржана за арапскиот медиум.

Такви предрасуди може да се надминат само со првокласно новинарство. „Ал џезира“ огласи 160 нови позиции во 10 нови американски бироа и веќе прими над 8.000 апликации. Пред се', кризата во медиуми остави многу американски новинари без своите работни места. Но, исто така, во САД постои се' поголемо незадоволство околу тоа како Доха се обидува да го води јавното мислење за нос. Вработените во мрежата неодамна се пожалија дека говорот на емирот во Обединетите нации беше топ-сторија во вечерните вести на „Ал џезира“.

„Насекаде е исто во медиумскиот бизнис: оној што плаќа ги диктира правилата“, вели ТВ-експертот Сиб. Сепак, иронично, информативната телевизија од Доха првично имаше цел да биде нешто повеќе отколку само бизнис-модел. Според сопствениот опис, таа некогаш претендираше да биде „глас за безгласните“. (Шпигел)


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот