АЕК се ребрендира во Е-агенција
Страна 1 of 1
АЕК се ребрендира во Е-агенција
Од наредната година Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе се ребрендира во Е-агенција. Ова подраазбира целосна дигитализација и нов начин на работа, најавува директорот на АЕК, Роберт Орданоски.
Според него, АЕК и Советот за радиодифузија (СРД) ќе користат заедничка интернет апликација за детален преглед на сите информации од областа на електронските комуникации и радиодифузијата, за мобилните оператори, програмските сервиси и пакети, законски обврски и за тековните активности и на регулаторните тела.
Зоран Трајчевски, претседателот на СРД вели дека оваа апликација ќе овозможи заштеда во поглед на хардверски и софтверски капацитети кои се сместени на едно место. Заедничката платформа на која се поставени апликациите ги намалува трошоците за оперативно работење и одржување на двата система.
Орданоски вели дека новата содржина на која се поставени сите информации од областа на електронските комуникации и радиодифузијата, ќе понуди дополнителен квалитет и ред во тие области.
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|