ЏИШ и Игор Џамбазов стартуваат на 10 февруари

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ЏИШ и Игор Џамбазов стартуваат на 10 февруари

Пишување by форумџија on Сре 30 Јан 2013 - 23:12

[You must be registered and logged in to see this image.]
Долгоочекуваното шоу на мега популарниот Игор Џамбазов стартува на 10 февруари. Недела ќе биде денот резервиран за ЏИШ кое ќе се емитува на МТВ.
Игор Џамбазов најпрво најави дека шоуто ќе почне во октомври, нопоради технички причини тоа е одложено за 10 февруари. Се најавува спектакуларно, досега не видено шоу.

Во последното интревју кое Џамбазов го даде за првиот број на „Република“ изјави:
- ЏИШ не е класично ток шоу. ЏИШ, всушност, не е ни ток шоу. ЏИШ е телевизско шоу слично на „Седуммина млади“, најгледаното ТВ-шоу. Има малку „Седуммина млади“, малку Бени Хил, малку Мистр Бин… Однапред смислени точки, кои се монтираат со метрика, динамика, не траат многу, не го заморуваат гледачот и кои ќе бидат духовити. Ќе има музички точки, скечеви, римејк на познати филмски сцени. Македонски познати личности ќе глумат со мене заедно. Најважниот, односно најсериозниот дел од ЏИШ – ќе направам антологија на македонската поезија. Најпознатите 40 македонски песни, затоа што во првата сезона ќе има 40 ЏИШ, ќе се најдат во таа топ-листа. Ќе направам 40 поетски спотови, со музика и драмско дејство. Не зборуваме за кажување поезија во парк кај езерцата или на кеј за да има убава природа. Зборуваме за драматизирани сцени. Тоа е нешто што ќе остане. Македонската поезија вреди многу, а досега не била третирана така како што треба. Не ја третираат добро својата поезија ни нашите соседи. Мислам дека нашата екипа ќе биде прва што ќе направи сериозен пристап кон македонската поезија. Ќе одиме од Т`га за југ, па сè до поезијата на новите, млади поети. Ќе имаме и дел откривање на нови таленти. Но не како што тоа се прави во овие реални шоу, туку таленти над 60 години кои никогаш немале можност да го покажат она што го знаат, а го знаат многу добро.
[You must be registered and logged in to see this image.]
-Јас ќе ги глумам сите ликови. Ќе се појавува лик кој ќе се вика Александар Антички. Потоа Кирил Македонски и Дејан Европски. Тоа се тие три опции на Македонецот. Едниот мисли дека ги влече корените од антиката, другиот кој тврди дека е чист Словен кој допатувал од Дунав и едниот малку геј што сака да оди во Европа. Тоа е мозаик од ситни анегдоти, вистински вицеви, па се до сериозни драмски сцени. Можеш ли да замислиш како ќе изгледа последната сцена од Казабланка во која на местото на Ингрид Бергман и Хемфри Богарт се појвуваме јас и Калиопи… Најважно ми е што дојдов до човекот со кој сакав да го работам ова, Бојан Трифуновски, кој ќе биде официјален режисер и косценарист – додаде тој.


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот