Последна шанса за RIM, претставување на BlackBerry 10
Страна 1 of 1
Последна шанса за RIM, претставување на BlackBerry 10
Уште само еден ден од големото претставување на BlackBerry 10 во Њујорк од канадската компанија RIM (Research In Motion). Ова премиера може да се сфати како враќање на некогашниот гигант на пазарот на мобилни телефони.
Пред неколку години, BlackBerry држеше околу 50% од пазарот во Северна Америка, но по појавувањето на смартфоните со екран на допир, со огромен пораст на Android платформата и компанијата Apple со iOS, падна под 5%. Ова е еден од најголемите и најбрзи падови на некоја компанија која се занимава со производство не само на мобилни туку и на смартфони.
По долгото најавување на серијата BlackBerry 10, новиот претседател на компанијата Torsten Hajns, ќе претстави два нови телефони, од кои едниот за прв пат кај BlackBerry ќе има екран на допир, додека другиот ќе ја задржи тастатурата QWERTY по која беше познат низ целиот свет.
Ова е голема шанса за RIM за големо враќање на пазарот, а одлуката на компанијата да се рекламира на финалето на американскиот фудбал ја докажува нивните визија. Да нагласиме дека една секунда реклама на Superboul чини повеќе од милион долари.
Се проценува дека канадската компанија за 2013 година ќе испорача 51.6 милиони нови телефони, од кои 29.8 милиони BlackBerry 10 уреди. Само за споредба, Apple само во последното тромесечје од 2012 година продал 47.8 милиони iPhone уреди.
Нема да биде лесно враќањето на RIM на пазарот, но да се надеваме дека со BlackBerry ќе успеат. Во најлош случај, доколку не се остварат зацртаните планови со продажбата, фирмата може да банкротира.
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|