mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонија со победа против Чиле на стартот од Светското во ракомет

Go down

Македонија со победа против Чиле на стартот од Светското во ракомет Empty Македонија со победа против Чиле на стартот од Светското во ракомет

Пишување by форумџија Саб 12 Јан 2013 - 16:32

[You must be registered and logged in to see this image.]

Првите минути од натпреварот започнаа со доминација на Македонија, па во 6-та минута од натпреварот, нашите ракометари имаа водство од 3:1. Во наредните минути се играше со грешки на двете страни, но повеќе грешевме ние, па во 11-та минута Чилеанците израмнија на 4:4.

По неколку киксови на нашите, Чилеанците дојдоа во водство со 4:7. Лазаров намали на 5:7 на средината од првото полувреме, по што за прв пат во нашата репрезетнација во игра влезе Стоилов. До овој период Чилеанците имаа украдено 8 топки, додека нашите само една.

Нашите успеаа да израмнат на 8: 8 во 20-та минута со одличен гол на Миркуловски, а Чиле побара тајм аут.

Македонија повторно дојде во водство од 9:8 во 22-та минута со голот на Стоилов. Следеше повторно период на игра со многу грешки на двете страни, а на три минути пред крајот на првото полувреме, Георгиевски постигна гол и го зголеми водството на Македонија на 11:9.

Второто полувреме го започнавме многу подобро, па во 7-та минута од вториот дел веќе имавме предност од 6 голови при резултат од 18:12. Но, како што обично се случува, нашите ја прокоцкаа предноста, па во 17-та минута веќе беше 23:22 и гол предност за Македонија.

Нашите успеаја да се стабилизираат и на 10 минути пред крајот на натпреварот го зголемија водството на 26:22.

На две минути пред крајот, Македонија побара тајм аут при водство од 29:27. Чилеанците намалија на 29:28, a Moјсовски зголеми на 30:28 на една минута пред крајот. Чиле побара тајм аут, но не им помогна ни тајм аутот, па натпреварот заврши со 30:28.

Натпреварот го одбележаа многуте грешки на нашите ракометари и пропуштените шанси за поубедлива победа. Нивната игра беше далеку од квалитетот кој го покажаа лани на Европското првенство во Србија.

Македонија утре го игра вториот натпревар на Светското првенство против Катар од 18 часот.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот