Најдолгите тунели во светот, на Балканот и во Македонија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Најдолгите тунели во светот, на Балканот и во Македонија

Пишување by форумџија on Нед 16 Дек 2012 - 16:46



Со извонредниот напредок на науката и технологијата, а како потреба за што побрзо, побезбедно и поекономично сообраќајно поврзување и совладување на планински или водни бариери, развиените држави и региони во светот градат огромни тунели и мостови. Така, во последните години се изградија или се во градба повеќе тунели со навистина извонредна должина.

Еве ја листата на 3-те најдолги тунели во светот:

Сеикан во Јапонија, 53,8 км. Моментално, тоа е најдолгиот тунел во светот, изграден уште во 1988 година. Од споменатата должина, дури 23 километри поминуваат под морското дно. Сеикан тунелот е лоциран помеѓу островите Хоншу и Хокаидо, како дел од линијата Каикјо на железничката компанија. За да биде максимално искористен, освен обичните возови, низ тунелот е пуштен во сообраќај супер ексклузивен воз за патници со подлабок џеб.

Еуротунел помеѓу Британија и Франција, 50,5 км. Овој тунел кој во значителна должина минува под нејтесниот дел на протокот Ла Манш е изграден во 1994 година. Се состои од три големи цевки, од кои две се за возови (во двете насоки) а едната е од сигурносни причини. Модерните и ултра брзи возови Еуростар, целото растојание низ тунелот го поминуваат за само 30 минути.

Лечбершки тунел (Lötschberg Base Tunnel) во Швајцарија, 34,5 км. Изграден во 2006 година под швајцарските Алпи, претставува најдолг копнен тунел во светот. Ги поврзува градовите Фрутиген и Рарон во јужниот дел на Швајцарија. Тунелот е супермодерен и овозможува брзини на возови и до 250 км/ч, така што целото растојание се поминува за само 15 минути! Инаку изградбата на тунелот која траела цела деценија, чинела околу 4 милијарди евра!

Треба да се напомене дека по 15 години работа (почнувајќи од 1993 година), во Швајцарија е пробиен најдолгиот железнички тунел во светот, Готард, со должина од 57 км. Истиот е во фаза на изградба и целосно ќе биде завршен во 2017 година.

Многумина овој историски миг за светската економија го окарактеризируваат како многу важен, на подеднакво рамниште како изградбата на Панамскиот или Суецкиот Канал. Тунелот минува низ срцето на швајцарските Алпи. Ископани се 28 милиони метри кубни камен, а секојдневно под земја работат над 2.600 работници. Истовремено тунелот се пробиваше со осум големи дупчалки, секоја тешка по 3000 тони. Во суштина тунелот има две цевки секоја со дијаметар од 10 метри. Тоа ќе биде и најскапиот тунел на сите времиња, со проектирана цена од околу 10 милијарди евра!

На Балканскиот полуостров, со исклучок на тунелот Караванки помеѓу Словенија и Австрија, долг 8 км, 3-те најдолги тунели се:

Буковиќ (Македонија), 7062 м. Железнички тунел под планината Буковиќ, на железничката линија Гостивар-Кичево, помеѓу селата Падалиште и Зајас. Тоа е најдолгиот тунел не само во Македонија туку и на Балканскиот Полуостров, изграден во 1960-тите години. За тоа време бил извонреден инженерско-градежен подвиг!

Темпи (Грција), 5962 м. Патен тунел кај Тесалија во реонот на Темпи кој е во финална фаза на изградба (на делот од автопатот Солун-Атина).

Козница (Бугарија), 5812 м. Железнички тунел под Стара Планина (Балкан), кој ги поврзува градовите Копривштица и Клисура. Тоа е и најдолгиот тунел во Бугарија.

Овде треба да се споменат и неодамна отворените и доста модерни патни тунели во Хрватска: Мала Капела, 5801 м и Свети Рок, 5727 м, кои го поврзуваат Загреб и внатрешниот дел на Хрватска со приморјето.

Инаку, во Македонија покрај тунелот Буковиќ (7062 м), голема должина има и железничкиот тунел кај Богомила од 2,6 км, додека од патните тунели, најголема комбинирана должина има тунелот кај Демир Капија од близу 1 км!


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот