mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Кои биле последните зборови на астронаутите пред да ја напуштат Месечината?

Go down

Кои биле последните зборови на астронаутите пред да ја напуштат Месечината?  Empty Кои биле последните зборови на астронаутите пред да ја напуштат Месечината?

Пишување by форумџија Нед 16 Дек 2012 - 12:52

Кои биле последните зборови на астронаутите пред да ја напуштат Месечината?  20121210

Според белешките на Мајлс Обрајан, командантот на мисијата Аполо 17, Џин Цернан, подготвил говор за да го одбележи заминувањето од Месечината. Говорот звучел вака:


„Како што ги правам последните чекори на човекот од површината, пред да дојде следниот пат (се надеваме дека нема да биде во далечната иднина), би сакал само да кажам во што верувам дека ќе биде забележано во историјата: Дека предизвикот на Америка од денес ја гради судбината за утре. И, како што ја напуштаме Месечината во Таурус-Литроу, оставаме како што најдовме, и со волја на Бога, како што ќе се вратиме: со мир и надеж за целото човештво.“


Сепак, ова не се, технички, последните зборови кои биле изговорени на Месечината. Цернан и неговата екипа продолжиле со дијалогот за време на деликатното полетување на вселенското летало од површината на Месечината. Тогаш, кои биле последните зборови изговорени на Месечината?


Според астронаутот од Аполо 7, Валтер Канингем, и неговата книга посветена на астронаутите кои стапнале на Месечината, последните зборови на Цернан биле: „Ајде да бегаме од тука!“. Но, според официјалните податоци на НАСА, последните зборови на Цернан биле одговор на астронаутот Џек Шмит, кој се обидувал да снима со видео-камера. Цернан рекол: „Сега, ајде да си одиме. Заборави ја камерата.“


Ова било следено од одбројување и полетување. Заклучно, претпоставуваме дека последните значајни зборови изговорени на Месечината се :„Заборави ја камерата!“ Аполо 17 успешно се вратиле на Земјата на 19 декември 1972, по 12-дневната мисија. Оттогаш, ниеден човек нема стапнато на Месечината.
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот