mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Домашни серии, документарци и шоуа – дел од МРТ во 2013-та

2 posters

Go down

Домашни серии, документарци и шоуа – дел од МРТ во 2013-та Empty Домашни серии, документарци и шоуа – дел од МРТ во 2013-та

Пишување by форумџија Чет 13 Дек 2012 - 9:53

Домашни серии, документарци и шоуа – дел од МРТ во 2013-та Getima10

МРТ се врати на голема врата. Ребрендирањето и новата програмска шема повторно го ставија јавниот сервис на првиот број на далечинскиот управувач речиси во секој дом. Тенденцијата на постојан раст на гледаноста продолжува. Маркетинг агенциите беа првите кои ѕирнаа дел од она што се подготвува за следната година.

„Целта да го вратиме имиџот на МРТ успеа, сега ќе работиме на подобрување на рејтингот на гледаноста, иако, по дефиниција, јавниот сервис не треба да се стреми кон висок рејтинг, туку кон законски утврдениот јавен интерес“, изјави Марјан Цветковски, генерален директор на МРТ.

Квалитетната странска програма ќе биде надополнета со сопствена продукција. Наскоро почнува снимањето на високобуџетна домашна играна серија, повеќе шоу програми и квизови, едукативни детски и младински емисии, документарни филмови. Спортот останува во сржта на понудата.

„Се прават нови играни серии, нови ток шоуа како ЏИШ со Игор Џамбазов и Тунел со Живкица Каленикова, но и други изненадувања кои во текот на наредната година ќе бидат дел од програмата, меѓу другото и сопствена продукција на “Танц со ѕвездите“, вели Слободан Младеновиќ, раководител на Секторот за маркетинг на МРТ.

Амбициите на Јавниот сервис не запираат овде. Се враќаат оркестрите и детското драмско студио. Процесот на напуштање на аналогниот сигнал ќе заврши до јуни в година. Паралелно се работи и на дигитализација на архивите кои ја содржат колективната меморија на македонскиот народ во изминативе речиси 70 години.

форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Домашни серии, документарци и шоуа – дел од МРТ во 2013-та Empty Re: Домашни серии, документарци и шоуа – дел од МРТ во 2013-та

Пишување by darko Чет 13 Дек 2012 - 19:12

браво за македонската телевизија, одат кон подобро само напред yes
darko
darko
нов член
нов член

мислења мислења : 29
поени поени : 37
регистриран на 2012-09-26
заблагодарен заблагодарен : 3

Вратете се на почетокот Go down

Домашни серии, документарци и шоуа – дел од МРТ во 2013-та Empty Re: Домашни серии, документарци и шоуа – дел од МРТ во 2013-та

Пишување by форумџија Пет 14 Дек 2012 - 21:32

darko напиша:браво за македонската телевизија, одат кон подобро само напред yes

премногу се ова турскиве серии, треба да се обрне внимание на наша продукција
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Домашни серии, документарци и шоуа – дел од МРТ во 2013-та Empty Re: Домашни серии, документарци и шоуа – дел од МРТ во 2013-та

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот