Anonymous го нападнаа Министерството за финансии на Грција

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Anonymous го нападнаа Министерството за финансии на Грција

Пишување by mladence on Сре 31 Окт 2012 - 21:06



Хактивистите Anonymous објавија кул доверливи документи украдени од сајтот на Министерството за финансии на Грција за да ја разгорат дебатата за стратегијата за намалување на трошоците со која грчките власти сакаат да добијат уште пари на заем од Европската Унија. Со стратегијата, која се наоѓа пред гласање во Грчкиот парламент, се очекуваа намалување на трошоци од 13,5 милијарди евра. Овие мерки би требало да ја запре рецесијата и зголемената невработеност која во јули достигна рекордни 25 отсто, според BBC.

Документите кои ги објави Anonymous содржат доверливи информации и лозинки за имејлови на грчката администрација, како и имејл разговори помеѓу грчките власти и интернационалните фондови за позајмување уште пари, или како што вели Anonymous, „задолжување на животот на граѓаните“.

Хактивистите во своето соопштените го оправдaа хакирањето како начин да ги сопрат властите да ги зголемат годините до пензионирање, да ги ограничат здравствените провизии, и да ја истакнат големата стапка на самоубиство која се зголемила од 2010-та година, како и да се намали сиромаштијата во земјата која е најлошо зафатена од економската криза.

Интересно, The Next Wеb пишува дека Anonymous ги објавува доверливите документи за да им помогнат на медиумите кои се под притисок од властите. Неодамна, грчките власти го уапсија новинарот Спирос Каразаферис кој велеше дека има информации од Anonymous. Тој тврдеше дека има доверливи документи, но беше уапсен заради друг неповрзан случај пред да ги објави. Документите наводоно содржат разговор меѓу грчките власти и Интернационалниот монитарен фонд и Европската централна банка.

Друг новинар, Костас Ваксеванис во блог на британскиот Guardian објави дека тој и неговиот весник Hot Doc се гонети од властите во обид да ги замолчат да не објават листа на корумпирана елита која избегнуваат данок. Неговиот текст е со наслов „Грција беше колевка на демократијата. Сега е водена од моќната елита“.
avatar
mladence
нов член
нов член

мислења мислења : 35
поени поени : 64
години години : 25
регистриран на 2012-02-10
заблагодарен заблагодарен : 6

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот