Нова серија на Канал 5, овој пат италијанска

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Нова серија на Канал 5, овој пат италијанска

Пишување by форумџија on Саб 20 Окт 2012 - 10:33

[You must be registered and logged in to see this image.]

„Елиза“ е историска италијанска теленовела чие дејство се одвива во 18. век во време на забранети страсти, двобои и благорoдници. Серијата е базирана на книгата „Памела“ на Семјуел Ричардсон, а потсетува и на „Ромео и Јулија“. Првата епизода во Италија ја гледале 6.563.000 гледачи, понатаму бројот се зголемувал за последната епизода да биде гледана од 12.080.000. Во 2004. година, серијата ги добила главните награди на Telegato 2004 за најдобра серија, најдобра актерка и најдобар актер. Љубовта на Елиза и Фабрицио се пренела и во реалниот живот на актерите што ги толкуваат. Серијата во Италија била прикажувана на Канал 5, а и кај нас ќе се емитува на Канал 5 телевизија и тоа веќе од понеделник веднаш по „Ифет“.


Синопсис:

Елиза е млада, храбра и горделива девојка со сиромашно потекло која работи како помошничка во палатата на грофицата Анес Ристори во областа Ривомброса во северна Италија. Елиза му испраќа писмо на Фабрицио, синот на грофицата да се врати дома кај болната мајка. Кога ќе го прочита писмото, грофот Фабрицио се враќа во својот дворец и се приредува бал за неговото враќање. На смртната постела, грофицата го моли син и да се грижи за Елиза. Фабрицио и Елиза се вљубуваат еден во друг иако знаат дека нивната љубов ќе биде осудена поради класните разлики меѓу нив двајца. Понатаму Елиза ќе биде нападната од пијаниот благородник и пријател на Фабрицио, таа ќе се одбрани удирајќи го со камен и ќе биде уапсена поради тоа. Како би ја заштитил честа на девојката која ја сака, грофот ќе излезе на двобој со неговиот најдобар пријател и ќе побара помош и од кралското семејство за да ја ослободи Елиза. Освен за љубовта кон Елиза, Фабрицио ќе се бори и со корумпираните благорoдници и заверите против кралот.

Улоги: Vittoria Puccini, Sarah Felberbaum, Alessandro Preziosi, Giulio Berruti, Antonella Fattori, Jane Alexander, Cesare Bocci, Philippe Leroy, Luca Ward, Ralph Palka, Marina Giordana, Pamela Saino...


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот