Јанко ќе јаде бурек на Сител 3

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Јанко ќе јаде бурек на Сител 3

Пишување by форумџија on Саб 13 Окт 2012 - 0:08



Емисијата на водителот Јанко Илковски, „Јади бурек“, која четири години се емитуваше на Наша ТВ, веќе извесен период не се емитува. Емисијата која доживеа голема популарност и рејтинг веќе почна да им недостига на гледачите. Но, наскоро Илковски се враќа со истата емисија, но на друга телевизија. Овој пат ќе јаде бурек на Сител 3.

БезПардон го праша Илковски, зошто се одлучил на овој потег, а тој ни одговори:

„После 4 години ја напуштив Наша ТВ, одлука која се наметна од објективни и субјективни причини. Иако веќе неколку месеци сум без работа, а дел од вината е во мене, тоа што некако ми се угоди да прв пат по десет години секоја вечер на ТВ да бидам малку повеќе со моето семејство, очигледно и мене ми требаше подолг одмор“.

Тој за БезПардон ги откри деталите за „новата“ Јади Бурек:

„Деновиве треба да се финишираат сите подготовки и да се отпочне со проби во новото студио кое Сител специјално за емисијата го опремува. Концептот нема да се менува, бидејќи самата емисија е готов производ нема потреба од некакви наметнати промени, ако ги има тие ќе си дојдат спонтано, исто како што и самата емисија еволуираше. Овој јавен медиумски форум се разви во од, додека одеше самата емисија, содржините и начините во неа некако се наметнуваа, фејсбук, твитер, јутјуб, скајп, се ова само и спонтано влезе во емисијата, на некој начин она што станува некаков медиумски тренд во Јади Бурек, спонатно се наметнува“.

Од она по кое Јади Бурек е позната, Илковски вели дека нема да има некои крупни промени, а размислува единствено дали повторно да има смс пораки.

„Можеби нема да имам смс пораки, се мислам и наредниве денови ќе размислам дали воопшто да одам со оваа форма, бидејќи смс пораките како форум се намалуваше со годините, не само кај мене туку воопшто секаде, секако, телефоните остануваат со многу појака централа и бесплатните телефони. Секако дека весниците и печатените медиуми ќе бидат застапени како и секогаш. Емисијата ќе оди на Сител 3 од 22 до 24 часот навечер. Сител Тројка е идеално решение за мене, најдобро досега, од една ја имам онаа слобода за импровизации и кратење или продолжување на емисијата како што често јас знам тоа да го направам во зависност од случувањата или интервјуата или жештината на дебатите, а од друга ја имам логистиката на најголемата телевизија во техника и квалитет која знае да биде понекогаш проблем на помалите телевизии“.

За крај Јанко вели дека му се здосадило од седење дома и едвај чека со полна пареа да се врати пред малите екрани.

„Искрено, малку збоктисав од одмарање, и вријам да почнам со емисијата, се надевам дека и во наредните години ќе имаме интересни изданија, гости, муабети. Ме сардисаа гледачите на кои очигледно им недостига емисијата“.


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот