Петрески ќе се повлече од позицијата во МРТ?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

20121002

Пишување 

Петрески ќе се повлече од позицијата во МРТ?






Горан Петрески е подготвен да ја преземе целосната одговорност за објавата на веста на јавниот сервис од саботата - дека во Солун починал грчки државјанин со македонско потекло, како последица на напад од членовите на ултра - националистичката „Златна Зора“. Уредникот на информативната програма на МРТ се извинува и остава на јавноста да одлучи, подготвен е и да се повлече од позицијата на која застана неодамна, јавува Алфа телевизија.

„Jа прифаќам грешката што си дозволивме да објавиме информација што се темелеше на два односно три извора - електронските изданија на Македонска Нација и Македонска Зора, која за МТВ ја потврди претседателот на СМК- Тодор Петров. Требаше информацијата да ја потврдиме и од трет независен извор. Во оваа пригода им се извинувам на гледачите за забуната и паниката која што ја предизвикавме... Во 21 година независност на оваа држава се случуваа авионски несреќи и други различни трагедии и никому за тоа не му фали влакно на главата. Но ако јавноста цени дека е потребно за развојот на демократијата и медиумите, јас сум подготвен да ја превземам целосната одговорност за случајот“, за Алфа телевизија изјави уредникот на информативната програма на МРТ, Горан Петрески.


допринеси за форумов да опстане. Сподели
avatar
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2335
години години : 27
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 49

Преглед на профилот на членот http://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: Excite BookmarksDiggRedditDel.icio.usGoogleLiveSlashdotNetscapeTechnoratiStumbleUponNewsvineFurlYahooSmarking

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот