Приказната за Осман продолжува вечерва

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Приказната за Осман продолжува вечерва

Пишување by dejanpetrusevski on Пон 24 Сеп 2012 - 16:56

Приказната за Осман продолжува вечерва

Од вечерва (понеделник) во 19.45 часот ексклузивно на Сител телевизија ќе се емитува новата сезона од „Бурни времиња“, најгледаната турска серија во последните 10 години.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Дејствието во втората сезона е сместено две години после случувањата од првата сезона на серијата. Осман го доживува својот прв школски ден, и се вљубува во девојката по име Ѓулден. Мете станува голема музичка ѕвезда. Тој, заедно со своите пријатели од групата, добива работа во едно добро-познато казино. Неговата популарност секојдневно расте, но тој сеуште не може да заборави на својата прва љубов - наставничката од училиштето што ја изгуби борбата со тешката болест.

За жал, Мете сеуште страда по неа. Запознава девојка што со својот физички изглед болно ги враќа спомените од неговото минато. Ајлин сето време одржува контакт со Сонер, кој е во Лондон. Потоа тој се враќа, и поминува некое време со неа. Ајлин одлучува да се омажи за Сонер, но дали тој ќе прифати? Берин е во брак со Хакан. А таа, има и едно дете...

Судбината беше сурова со животот на Џемиле, и често си поигруваше со нејзините чувства. Но, Џемиле не попушти дури ни во најтешките моменти. Во изминатите две бурни години се случуваа многу нешта со нејзиниот живот. После се што се случи, дали воопшто постои сила за нов почеток?

Ова се само дел од случувањата што ќе ги донесе новата бура. Од вечерва на Сител не пропуштајте ја втората сезона од хит серијата „Бурни времиња“.
avatar
dejanpetrusevski
вип член
вип член

мислења мислења : 753
поени поени : 1139
регистриран на 2012-01-20
хумор сателидџија
заблагодарен заблагодарен : 30

Преглед на профилот на членот http://serviskratovo.weebly.com/

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот