mkd-satelite forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Познати учесниците на Макфест 2012

2 posters

Go down

Познати учесниците на Макфест 2012 Empty Познати учесниците на Макфест 2012

Пишување by dejanpetrusevski Пон 10 Сеп 2012 - 21:14

Познати учесниците на Макфест 2012

Биба Додева, Александра Пилева, Тамара Тодевска, Александар Белов, се само дел од популарните изведувачи кои ќе настапат на 27-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ кој оваа година ќе се одржи на 11-ти, 12-ти и 13-ти октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Концептот на манифестацијата - музичка програма со талентирани изведувачи и квалитени композиции кои потоа ќе станат хитови вредни за паметење, е надополнет со учество на многу популарни артисти кои одамна не сме ги виделе на фестивалските сцени.

[You must be registered and logged in to see this image.]


- Рефрените од песните на овогодишното издание на Макфест веќе се вртат по радио станиците, па фестивалската публика има можност да ги слушне, да добие претстава каква музичка програма ќе понуди фестивалот оваа година и делумно да си одбере свој фаворит за кој ќе може да гласа во деновите на одржување на фестивалот – изјавуваат организаторите Нова Икс Идеа.

Атрактивни гости од домашната музичка сцена и од странство кои настапуваат во офф-програмата е неизбежен дел од секој Макфест, па така и за оваа година организаторите најавувaат изненадувања за публиката која ќе биде присутна во Штип на 27-то издание на фестивалот.

Директен пренос на манифестацијата ќе врши националната ТВ куќа Канал 5.
dejanpetrusevski
dejanpetrusevski
вип член
вип член

мислења мислења : 753
поени поени : 1139
регистриран на 2012-01-20
хумор сателидџија
заблагодарен заблагодарен : 30

http://serviskratovo.weebly.com/

Вратете се на почетокот Go down

Познати учесниците на Макфест 2012 Empty Макфест нема да биде променет, туку „апдејтиран“

Пишување by форумџија Вто 18 Сеп 2012 - 15:54

На одредените реакции и „загриженост“ околу македонскиот идентитет на Макфест, а во врска со информацијата која вчера фестивалот ја објави за присуство во програмата на пејачи од Србија и Хрватска кои ќе ги изведуваат своите песни на свој јазик, уметничкиот директор Роберт Саздов појаснува:

- Не се работи за промени на концептот на Макфест кој е одличен, туку за извесни мали недоградувања, компјутерски да се изразам: апдејт на програмот.

Оваа година сите ние вклучени во организацијата и програмата на Макфест, едногласно се одлучивме за еден мал куриозитет, а тоа е на две гостинки од Србија и Хрватска ( Лејла Хот од Белград и Лана Јурчевиќ од Загреб) да им се овозможи да ги исполнат своите песни на свој јазик.

Практично во првата полуфинална вечер со 20 песни на македонски јазик, Лејла Хот ќе биде единствена која ќе пее на српски и во втората полуфинална вечер исто со 20 песни на македонски, Лана Јурчевиќ ќе биде единствената пејачка која својата песна ќе ја исполни на хрватски. Значи се работи за 2 песни од вкупно 40.

Истовремено имаме и уште една гостинка од Белград, тоа е Соња Кочиќ, која пее песна од Калиопи и која ќе биде изведена на македонски јазик. Тоа е се во врска со оваа мала новина.

Очекувам тоа да биде примено од публиката со симпатии на истиот начин како што беше примен нашиот Тоше Проески кога пред повеќе години на „Сунчане Скале“ во Херцег Нови, во натпреварувачкиот дел ја изведе „Сонце во твоите руси коси“ на свој македонски јазик и никој не му направи забелешка зошто не пее на српски.

Деновиве слушателите ќе можат на сите радио станици да слушнат уште еден нов, трет по ред блок рефрени, составен од хитовските песни на Верица Пандиловска, Тамара Тодевска, Лена Заткоска, Ангелина Стојановска, Мартин Србиновски и Ивана Миланова.
[You must be registered and logged in to see this image.]
форумџија
форумџија
администратор
администратор

мислења мислења : 1520
поени поени : 2336
години години : 34
регистриран на 2012-01-17
заблагодарен заблагодарен : 50

https://mkd-satelite.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот