Имајте повеќе независни компјутера со 1 куќиште!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Имајте повеќе независни компјутера со 1 куќиште!

Пишување by dejanpetrusevski on Пон 10 Сеп 2012 - 19:25

Епа вака народе, сите сте запознаени со можностата на 1 куќиште и искористување на нековите перформанси до максимум, како и во училиштата кај нас, на 1 куќиште се врзуваат повеќе монитори, глувци и тастатури со цел да се достигне максимална искористеност на една конфигурација.

Денес ќе Ви покажам како ова е возможно во домашни услови.
Следново напишано ќе има за цел да поврзи 2 независни десктопи на 1 куќиште! (Може да се користи и 1 графичка со различни видови излези [VGA, HDMI и др.])

За се ова да работи НЕ ви е потребно

NComputing софтвер, специјални свичови, терминали и се друго што навидум се користи во училиштата.

Ова работи на

Windows XP 32b & 64b - тестирано

Убунту (преку Wine) - не сум тестирал на овој ОС бидејки сум голем хејтер на истиот

Windows 7 32b & 64b - тестирано и моментално го користам работи одлично

Што ви е потребно?

1 куќиште со одлична конфигурација, да речеме минимум 4гв раб, минимум двојадрен процесор и доволно е по 1гб графички

Задолжително во вашата конфигурација да има

2 графички картички т.е. една онбоард друга експрес

Повеќе УСБ порти - минимум 4

2 монитори, 2 тастатури & 2 глувчиња (не од подрум :D )

Специјален софтвер за кој ќе објаснам понатаму

Што да правам?
Поврзувањето е најлесниот дел од ова.
Поврзете ги 2та минитори, едниот на онбоард, другиот на додадената графичка, и поврзете ги останатите влезни уреди т.е. глувчињата и тастатурите, не е битно дали тие се УСБ или со ПС2 интерфејс.
После поврзувањето вклучете го компјутерот, сеуште нема да ви работи како 2 независни компјутери, но финтата е во софтверот.

Софтвер?
Да, софтверот е клучниот дел од ова, за да ви проработи.
Софтверот се нарекува Aster Multi User кој што не е бесплатен и со секоја инсталација имате 15 дена тест период.
За да се решиме од ова, но и да не ги прекршуваме правилата на форумов, само по ПП ќе ми побарате keygen, што ќе ви ја отклучи програмата.
Домеинот на официјалната страна и е истечен, незнам кога ќе го обноват, но до тогаш можам да ви помогнам со инсталциите, ги имам сите во пц па да ги прикачам на некој фајл хост (само пп)
www[tocka]international[tocka]ibik-soft[tocka]com

Како изгледа подесувањето на софтверот?
Софтверот автоматски ви ги дава сите достапни влезни уреди, и вие едноставно што треба да направите е да го смените полето Place што означува кој десктоп ќе го користи тој влезен уред. Избирате 1 и 2 за посебни монитори, ставате една тастатура и едно глувче со Place 1, исто така и со Place 2, кликате Apply, рестарт и имате сосема независни 2 десктопа, кои работат независно еден од друг.

Еве сликовито како изгледа подесуваето на софтверот во Windows 7.

[You must be registered and logged in to see this image.]

[You must be registered and logged in to see this image.]

[You must be registered and logged in to see this image.]

[You must be registered and logged in to see this image.]

[You must be registered and logged in to see this image.]

Единствено заедничко кај овие десктопи е тоа што користат

1 куќиште на кое се поврзани

1 хардиск за зачувување на податоците


Download линкови


ASTER XP 32b & 64b за максимум 2 десктопа

ASTER XP 32b & 64b за максимум 4 десктопа

ASTER Multi User 32b Windows 7

ASTER Multi User 64b Windows 7
avatar
dejanpetrusevski
вип член
вип член

мислења мислења : 753
поени поени : 1139
регистриран на 2012-01-20
хумор сателидџија
заблагодарен заблагодарен : 30

Преглед на профилот на членот http://serviskratovo.weebly.com/

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот